Централа на WURTH во МАКЕДОНИЈА
Булевар Борис Трајковски - 37
1000 Скопје, Република Македонија
Брендовите на компанијата Wurth претставуваат синоним за врвен квалитет и сигурност на професионалниот алат и опрема за монтажа.
Брендот ZEBRA® опфаќа производи со највисок квалитет и највисоки перформанси, а често и наградуван дизајн. Производите кои ја носат ознаката ZEBRA® на корисниците им даваат една класа повисока употребна вредност од онаа која е вообичаена меѓу производите за професионална употреба. Поединечни ZEBRA® производи се гордеат со престижната Red Dot награда за вонсериски индустриски дизајн, како во поглед на употребливоста на алатот, така и во однос на ергономијата, естетиката и заштитата на корисникот.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕОдделението за истражување и развој на Wurth, во 2008 година за прв пат ја патентираше револуционерната завртка ASSY®,која моментално ја доживува својата трета генерација. Асиметричната конструкција на завртката ASSY® и специјалниот резен (или сечивен) дел на средина кај завртките со поголеми димензии, овозможуваат нејзино лесно продирање и целосно навлегување во кој било дрвен материјал што обезбедува целосна сигурност на навојниот спој. Токму поради таквата специјална конструкција на завртката ASSY®, новите генерации на професионалци можат да вршат сигурно спојување на какви било дрвени елементи со значително поголема брзина и помала потребна сила на навртување. Патентираниот AW® прифат се одликува со досега најрамномерен пренос на силата од алатот на завртката.
Бренд на електрични, батериски и пневматски алати чиј врвен квалитет пред сѐ се огледува во перформансите кои секогаш се за нијанса пред конкуренцијата. Покрај тоа, напредниот дизајн, ергономијата прилагодена за долготрајна, секојдневна работа на професионалците, како и трите години гаранција, обезбедуваат максимално задоволство при користењето.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕRED LINE производите опфаќаат артикли со стандардни перформанси за секојдневна професионална употреба. Овие производи ќе ги задоволат потребите на професионалците на полето на монтажата, кои сакаат да направат баланс помеѓу квалитетот и прифатливата цена. Во асортиманот на RED LINE се истакнуваат дисковите за сечење, HSS бургиите и рачниот алат.
Квалитетот на Wurth е одразен и во производите за подмачкување TRIATHLON. Со оваа пазарна марка се опфатени моторни масла, масла за менувач и хидраулични масла со германски квалитет, за примена во патнички и комерцијални возила, како и земјоделски машини.
ORSY® е иновативен систем од меѓусебно вклопливи, мобилни елементи за Организирано и Систематизирано поставување и складирање на производите. Кутии, полици, фиоки, куфери, колички ... брзо и едноставно се комбинираат, независно дали се фиксирани, на шини или тркалца, овозможуваат секогаш сѐ да биде на дофат на рака и заштедуваат простор, дури и во мобилни работилници на четири тркала. ORSY® е горд носител на наградата Red Dot од 2017 година.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕПоради спефицичноста на пазарот на Јужна, Југоисточна и Источна Европа, компанијата Wurth од овие територии осмисли пазарни марки кои опфаќаат групи производи кои обично не се застапени во основниот Wurth асортиман. Зад овие локални брендови, исто така стои квалитетот на моќната Групација Wurth.
Брендот FARM настанал во 2010 година како бренд на компанијата Wurth Србија и брзо се има проширено на пазарот на други балкански земји. Овој пазарен бренд опфаќа алати и уреди наменети за одржување на градината, како и за лесни земјоделски работи. Целиот FARM градинарски-земјоделски алат, вклучувајќи косилки, тримери, пумпи за вода, ножици, тестери ... задоволува највисоки светски стандарди. Покрај модерниот дизајн и ергономија, FARM производите им пружаат на корисниците целосно уживање во текот на градинарските работи.
Laguna е пазарен бренд на Wurth Македонија кој опфаќа производи од санитарната програма. Групацијата Wurth го поседува и санитарниот бренд Cornat®. Со овие два бренда, имаме мисија да станеме водечки добавувач на санитарна и пропратна програма, почитувајќи ја регулативата, обезбедувајќи врвен сервис и употребувајќи еколошки прифатливи материјали.
Со оглед на тоа дека голем број професионалци во Македонија за одредени работи користат хоби-алати, тимот на Wurth разви производи кои се одликуваат со добри перформанси и квалитет, како и прифатлива цена. Користејќи ги Workshop Powered by Wurth артиклите, секој корисник може да очекува стандардни перформанси за повремени или еднократни работи, со препознатлив иновативен дизајн, квалитетна поддршка и развиена сервисна мрежа.
Најмладиот бренд на Wurth Македонија е развиен со цел да се комплетира понудата за оние купувачите кои во својот асортиман поседуваат голем број производи. Пазарниот бренд Utili опфаќа мали куќни апарати.