ПОДДРШКА И СЕРВИС

На нашите купувачи сме им на располагање во случај кога им се потребни упатства за употреба, атести и друга техничка документација, како и кога им е неопходна поправка на уреди поради редовно трошење, набавка на резервни делови...

ПРОДОЛЖЕТЕ

ТЕХНИЧКА
ДОКУМЕНТАЦИЈА

За нашите купувачи имаме обезбедено MSDS документација, листи за составот на детергентите, упатства за употреба на уредите, атести...

ГАРАНЦИЈА И
ПОПРАВКА

Сите производи од асортиманот на Wurth имаат соодветна гаранција, обезбеден сервис и резервни делови и гарантен рок, како и законски вонгарантен рок.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

НАЈЧЕСТИ
ПРАШАЊА

Во прашањата и одговорите кои следуваат, купувачите на Wurth производите ќе ги најдат најважните информации за гарантните услови, нарачување и испорака на производи, поправка на уреди...

КАКВИ УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈА ВАЖАТ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ НА WURTH?

Сите производи во асортиманот на Wurth поседуваат соодветна гаранција која е во согласност со намената и квалитетот на производите, а на прво место во согласност со сите законски прописи. Производите кои се наменети за професионална употреба поседуваат гаранција во времетраење до 3 години. Производите наменети за полу-професионална употреба и за хоби, како и производите купени кај нашите дистрибутери поседуваат гаранција во траење до 2 години.

ШТО ДА НАПРАВАМ АКО МИ СЕ РАСИПЕ ПРОИЗВОДОТ НА WURTH?

Доколку производот има важечка гаранција и не се расипал поради несоодветен начин на употреба на производот, а сте го купиле директно од нас – обратете се на нашиот претставник за продажба со кој соработувате редовно . Ако не сте го купиле производот директно од нас – обратете се на продажното место на кое сте го набавиле производот. Доколку изминал гарантниот рок или дефектот настанал поради несоодветен начин на употреба на производот – контактирајте го нашиот специјализиран сервис.

КОГА WURTH ЌЕ МИ ГИ ДОСТАВИ КУПЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ?

Во доменот на испорака, Wurth има воспоставено партнерство со служба за достави. Производите кои ги нарачуваат нашите купувачи, а ги има во залиха, пристигнуваат на договорената адреса во рок од 24 часа. Испораката се врши во работни денови и во сабота.

КАДЕ МОЖАМ ДА ГИ КУПАМ ПРОИЗВОДИТЕ НА WURTH?

Производите од нашата понуда, директно од нас може да ги купат само други правни лица. Освен нашиот претставник за продажба кој оди на терен и ги посетува купувачите, на располагање Ви е и нашата телефонска продажба, како и нашиот SHOW ROOM во коj можете да видите и да пробате одредени артикли.
Физичките лица може да ги најдат производите од асортиманот на Wurth во голем број малопродажни објекти ширум Македонија.

КАКО ДА СТАНАМ КУПУВАЧ НА WURTH?

Доколку сакате во својата работа да ги користите нашите производи и имате регистрирано правно лице, обратете ни се преку формуларот за контакт и наш претставник за продажба ќе Ве контактира во најкраток можен рок.

ШТО ДА ПРАВАМ АКО МИ Е ИСПОРАЧАНО ПОМАЛКУ/ПОВЕЌЕ РОБА ИЛИ ОШТЕТЕНА РОБА?

Доколку робата која сте ја примиле според бројот и состојбата не одговара на она што сте го нарачале, контактирајте го нашиот претставник за продажба со кој редовно соработувате.

КАДЕ МОЖАМ ДА ПРЕЗЕМАМ ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА?

Од нашата веб-страница можете веднаш да преземете безбедносни листови за нашите хемиски артикли, листи за составот на детергентите, упатства за употреба на одредени артикли и атести.

КОНТАКТИРАЈТЕ ПОДДРШКА ЗА КУПУВАЧИ

Доколку во најчесто поставуваните прашања не го најдовте одговорот кој Ви е потребен, испратете ни порака и ќе Ви одговориме во најкраток можен рок.