WURTH ВО МАКЕДОНИЈА

Wurth во Македонија е основан во 1995 година, како дел ог Групацијата Wurth од Германија, глобален лидер во снабдување на професионалци во областа на монтажата.

ПРОДОЛЖЕТЕ

WURTH ВО МАКЕДОНИЈА
ДЕНЕС

Нашиот тим во Македонија се состои од 74 луѓе, од кои повеќе од половина се вработени во директна продажба. Ги посетуваме купувачите на нивните локации, работиме телефонска продажба, имаме три продажни PickUp продавници како и онлајн продавница. Соработуваме со повеќе од 10.000 деловни партнери. Вложуваме големи напори да останеме препознатливи по врвниот квалитет на производите и услугите, со истовремена грижа за заедницата во која работиме. Вработуваме квалитетни луѓе кои ќе ги поддржат нашите стратешки определби.

ПОГЛЕДНИ КАРИЕРА

ПОЧЕТОЦИТЕ И ИНОВАТИВНИ
ПРОИЗВОДИ

Тим од млади професионалци во 1995 година во Македонија, го донесе концептот на директна продажба на Wurth на полето на технички производи. Веќе подолго од 30 години на нашиот пазар ги промовираме принципите на претприемништво и пазарна економија и редовно воведуваме технички иновации и квалитетни решенија во областа на професионален рачен, електричен и пневматски алат, производи за обработка на материјали, заварување, техничка хемија, опрема за лична заштита, како и широк асортиман на завртки и други артикли во согласност со DIN стандардот.

ПОГЛЕДНИ ПРОИЗВОДИ

WURTH ВО МАКЕДОНИЈА
НИЗ ВРЕМЕТО

1995. / 7 ВРАБОТЕНИ
ПРОМЕТ: 75 000 €

Wurth Македонија e отворена на крајот на 1994 година со 100% капитал на централата Wurth Германија. Работењето го започнува на 25 Април 1995 година со седум вработени, во простории од 150 м2 (продавница и магацински дел).

ПОМОШ НА ПОЕДИНЦИ
И ГРИЖА
ЗА ОПКРУЖУВАЊЕТО

Помошта на загрозените лица и грижата за опкружувањето се длабоко всадени во деловната култура на Wurth. Во соработка со вработените, Wurth, помеѓу другото, поддржува лечење на болни деца, помага на деца со посебни потреби, поддржува семејства со тешка материјална состојба...

ОПШТЕСТВЕНО-
ОДГОВОРНО
РАБОТЕЊЕ

Покрај поединечните Wurth компании, Групацијата Wurth е исклучително активна на хуманитарно поле. За да се обединат ангажманите и да се осигура континуитет на започнатите иницијативи, Реинхолд и Кармен Вурт во 1987 година ја основаа Фондацијата Wurth која во моментот располага со капитал од 6,5 милиони евра.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Модерно опремената централа на компанијата, современиот логистички центар гарантираат одлична услуга и најдобри услови за работа.

Погледнете каде можете да го најдете Wurth во Македонија.

ПОГЛЕДНИ МАПА