Централа на WURTH во МАКЕДОНИЈА
Булевар Борис Трајковски - 37
1000 Скопје, Република Македонија
Wurth е синоним за врвен квалитет на производите и извонредна услуга. Зад долгогодишниот успех на нашето претпријатие стои посебна корпоративна филозофија и заеднички вредности кои го одредуваат секојдневното работење – како во Германија каде што настанал Wurth, така и во која било од повеќе од 400 компании ширум светот.
Групацијата Wurth поседува акредитирани лаборатории во Германија, со центар за истражување и развој кој работи во согласност со стандардот DIN EN ISO/EC 17025. Квалитетот на производите зазема централно место во филозофијата и работењето на Wurth.
Групацијата Wurth соработува со голем број институти ширум светот со цел да ги исполни различните национални и меѓународни стандарди и да обезбеди специфични одобренија од независни тела.
Сите производи на Wurth се произведени во погони кои користат метод на статистичка контрола на процесот на производство (SPC) кој осигурува највисок степен на контрола на производите и целосна контрола на евентуални грешки или недостатоци.
Сите оперативни процеси на Групацијата Wurth се структуирани со ставање на купувачот и неговите потреби во прв план, а во согласност со системот за Целосно управување со квалитетот (Total Quality Management System). Групацијата Wurth работи во согласност со DIN EN ISO 9001 и DIN EN ISO 14001 како и KTA 1401.
Групацијата Вурт го заснова својот повеќедецениски успех на постојаното унапредување на знаење во основната дејност – продажбата, како и на заедничките вредности кои не мотивираат секогаш да направиме чекор повеќе и да одиме сантиметар понатаму во однос на вчерашните постигнувања. Промовирањето на вонсериски постигнувања е клучен фактор на нашиот успех! Сите вработени се поттикнуваат да придонесат за развој на работењето преку креативни, нови идеи. Оптимизмот, одговорноста и меѓусебното почитување не се само празни зборови, туку и животни принципи кои се поставени во темелите на Групацијата Wurth.
Во центарот на деловните активности на Wurth е човекот. Ние сме љубопитни, динамични и секогаш почнуваме нови проекти. Од вработените очекуваме да бидат многу посветени на работата која ја работат, како и на компанијата во целина. Подразбираме оптимизам и веруваме дека поубаво и полесно е да се работи со насмевка. Ги мотивираме вработените да бидат подготвени на нови предизвици и го наградуваме остварувањето на поставените цели.
Секој вработен во рамките на својата работа добива и одредена автономија, во согласност со принципот: КОЛКУ ПОГОЛЕМ УСПЕХ – ТОЛКУ ПОГОЛЕМА СЛОБОДА. Веруваме дека автономијата во работата произведува креативност и обезбедува простор за реализација на лични идеи.
"Не треба само да ги исполниме очекувањата на купувачите, туку мораме и да ги воодушевиме."
Проф. Д-р Х. Ц. Мулт. Реинхолд Вурт
Реинхолд Вурт ја дефинирал визијата на Групацијата Wurth уште на самиот почеток на Wurth во Германија, кога ја организирал работата така што тој и неговите соработници одат на адресите на клиентите, не чекајќи продажбата да се случи на иницијатива на потрошувачите.
За деловната 2020 година, Групацијата Wurth има поставено и амбиоциозна цел – со 100.000 вработени да оствари приход од 20 милијарди евра