ГРУПАЦИЈА WURTH

ПРОДОЛЖЕТЕ

ГЛОБАЛЕН
ЛИДЕР

Групацијата Wurth е водечко претпријатие на светскиот пазар во областа на директен пласман на професионална монтажна опрема. Создадена е како семејно претпријатие кое во 1945 година ја основал Адолф Вурт во Германија.

Во текот на наредните децении, Wurth прераснува во групација, која денес се состои од претпријатија кои работат под матичниот бренд Wurth, но и придружни фирми кои работат во комплементарни струки. Благодарејќи на иновативните решенија во креирањето високо-квалитетни производи и супериорна логистика, повеќе од 3,5 милиони клиенти ширум светот и веруваат на Групацијата Wurth.

0

ПРЕТПРИЈАТИЈА

Во моментот во составот на групацијата има повеќе од 400 компании

0

ИЛЈАДИ ЛИЦА

Wurth има повеќе од 76.000 вработени, од кои 33.000 се постојано вработени комерцијалисти. Сегашното деловно седиште се наоѓа во Германија и во Швајцарија.

0

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Во 2017 година, Групацијата Wurth оствари промет од 12,7 милијарди евра. Во првите шест месеци од 2018 година е остварен промет од 6,8 милијарди евра.

ИСТОРИЈАТ НА ГРУПАЦИЈАТА WURTH

1945.

Со 20 години искуство во оваа работа, Адолф Вурт во 1945 година основа големопродажна фирма во Кунзелсау, во регионот Хохенлохе (Јужна Германија), каде што започнал со снабдување со завртки и навртки.

1952.

Зградата во Бахнхофштрасе во Кунзелсау станува седиште на компанијата.

1954.

Адолф Вурт, основач на фирмата, умира во 45-тата година од животот. Неговиот деветнаесетгодишен син Реинхолд го презема водењето со компанијата. Во тоа време, годишниот промет бил околу 80.000 евра.

1962.

Реинхолд Вурт го основа првото странско зависно претпријатие во Холандија – Wurth Nederland B.V. Се потенцира интернационализацијата и креирањето на Групацијата Wurth.

1969.

Просториите на железничката станица Кунзелсау ја достигнуваат границата на својот капацитет во 1969 година. Канцелариите се селат во нова зграда во Кунзелсау, во општинскиот округ Гаисбах.

1970.

Wurth отвора компании во Африка и Јужна Америка.

1972.

Со набавување на сликата „Cloud Reflection in the Marsh“ (Одраз на облакот во мочуриштето) е поставен камен темелник за уметничката збирка на Wurth која денес опфаќа околу 18.000 илјади уметнички дела.

1975.

Wurth почнува со создавање на свои брендови. Прв настанува брендот ZEBRA.

1982.

После 5 години тестирање, Wurth ја претставува полицата со системот ORSY® (ORder and System – Ред и Систем). Со помош на овие прилагодливи Wurth полици, артиклите може да се сместат на јасен начин, со максимирање на расположливиот простор.

1987.

Основани се компании во Малезија и Јапонија, со што се заокружува присуството на сите континенти (освен Антартикот). Прометот се удвојува во текот на осумдесетите години од 20-тиот век.

1990.

Отворена е првата филијала во новите германски сојузни држави – во Дрезден.
Модерен деловен комплекс кој исто така поседува уметнички музеј кој е отворен за јавноста.

1992.

На 1 јануари 1994 година, професор Реинхолд Вурт се пензионира од оперативно управување и ја презема улогата на раководител на советодавниот одбор на Групацијата Wurth.

1997.

Во согласност со континуитетот на воведување иновации, Групација Wurth претставува систем на онлајн каталог (WÜKO), кој до денес еволуираше во сеопфатна интернет продавница.

2006.

Бетина Вурт го презема претседавањето со советодавниот одбор на Групацијата Wurth од нејзиниот татко на 1 март 2006 година. Реинхолд Вурт станува почесен претседател на советодавниот одбор, како и претседател на надзорниот одбор на семејниот труст.

2009.

Групацијата Wurth добива награда за логистика која ја доделува германската логистичка асоцијација (Bundesvereinigung Logistik, BVL), за својот концепт на модуларен систем за логистика кој може да биде посебно прилагоден за индивидуални потрошувачи.

2014.

Групацијата Wurth надминува промет од 10 милијарди евра.

2017.

Остварен е рекорден годишен промет од 12,7 милијарди евра.

ГРУПАЦИЈАТА WURTH Е ПРИСУТНА
ШИРУМ СВЕТОТ

ПРОФ. Д-Р Х. Ц. МУЛТ.
РЕИНХОЛД ВУРТ

УСПЕШНА ПРЕТПРИЕМНИЧКА ПРИКАЗНА

Изградбата на Групацијата Wurth е животно дело на Проф. Д-р Х. Ц. Мулт. Реинхолд Вурт. Неговиот татко Адолф во 1945 година го основал првото претпријатие концерн во градот Кунзелсау. По прераната смрт на таткото, во 1954 година, Реинхолд Вурт, сегашен претседател на надзорниот одбор на фондацијата на Групација Wurth, како деветнаесетгодишно момче, го презема раководењето со претпријатието. Почнувајќи во повоена Германија, Реинхолд Вурт го претвори бизнисот со двајца вработени во светски трговски концерн.

НАСТАНУВАЊЕТО
НА КОРПОРАТИВНАТА КУЛТУРА

ТЕМЕЛИ ЗА УСПЕХОТ

Реинхолд Вурт од самиот почеток ја обликувал корпоративната култура која се заснова на вредности како што се оптимизам, динамика, длабоко почитување на работниците и нивните постигнувања, како и подготвеност да се понуди најдобрата можна услуга на купувачите. Сето тоа во значителна мерка придонело за успехот на семејното претпријатие.

Бетина Вурт, ќерка на Реинхолд Вурт, како претседателка на Советодавниот одбор на Групацијата Вурт, ја продолжува оваа традиција.

“БРЕНДОТ СОДРЖИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЛОГОТИП. БРЕНДОТ Е КАКО ЛИЧНОСТ КОЈА ЈА ПРЕПОЗНАВАМЕ ПРЕКУ ИМЕТО, ЈА ЗАПОЗНАВАМЕ ПРЕКУ ЈАЗИКОТ И ЈА ДОЖИВУВАМЕ ПРЕКУ СТИЛОТ И ХАРИЗМАТА.“

- БЕТИНА ВУРТ, Претседателка на Советодавниот одбор на Групацијата Вурт

1956-1973.

Идејата за логото на Wurth потекнува од Реинхолд Вурт кој во 1956 година наоѓа инспирација во завртката која одлично го симболизира она што е Wurth.

1973-1983.

Логото се состои од цилиндрична глава на една завртка и полукружна глава на друга завртка поставени една наспроти друга со името на компанијата во средина.

1983-2010.

Логото на Wurth претставува заедничко тежнеење и желба на сите вработени, не само да се задоволи купувачот, туку и да се воодушеви.

2010. - во моментот

Знакот во повеќе наврати е стилски модернизиран, а во 2010 година е усвоена формата која се користи денес.

WURTH МУЗЕИ
И УМЕТНОСТ

Уметноста зазема важно место во односот на Wurth кон заедницата. Колекцијата која ја започнал Реинхолд Вурт во текот на шеесетите години на минатиот век, денес содржи повеќе од 18.000 дела. Во најголем дел се состои од слики, графики и скулптури кои датираат од крајот на 19-тиот век до денес. Покрај класичните и модерните, кои се претставени преку делата на Бекман, Кирчнер, Мунк и Пикасо, и скулптурите заземаат важно место. Делата на скулптори како што се Мур, Чилд, Kрејг и Џејкобсон се дел од една растечка колекција. Колекцијата на Wurth е достапна за јавноста и се наоѓа во голем број музеи ширум Европа.