КОМПАНИЈА

ПРОДОЛЖЕТЕ

0

ОСНОВАН WURTH

Глобален лидер во снабдување на професионални купувачи во областа на монтажата. Wurth е основан во Германија во 1945 година како мала претприемничка фирма

0

КОМПАНИИИ

Во моментот во составот на Групацијата има повеќе од 400 претпријатија

0

ЗЕМЈИ

Wurth работи во повеќе од 80 земји ширум светот

НАШИТЕ КУПУВАЧИ

Нашите купувачи, пред сѐ, се занаетчиски фирми и индустриски претпријатија кои во својата секојдневна работа користат професионален Wurth алат и други технички производи со најразлични намени. Соработуваме и со трговски претпријатија кои дистрибуираат Wurth производи. Нашата понуда опфаќа алати за обработка на материјали, целосна програма за заварување, сеопфатен асортиман на професионални рачни, електрични и пневматски алати, широк спектар на завртки и други артикли во согласност со DIN стандардот, опрема за лична заштита, техничка хемија и посебни системи наменети за професионалци во други области на техниката.

Дознајте повеќе за нас и нашите вредности на кои се заснова нашето работење.

ЗАПОЗНАЈТЕ
СЕ СО Wurth

Запознајте се со историјата на Wurth, препознатливиот квалитет, истенчените вредности и можностите за вработување

WURTH
ВО МАКЕДОНИЈА

Уште од 1994 година Wurth со гордост работи во Македонија. Денес ја оправдува лидерската позиција и вработуваме 50 луѓе кои соработуваат со повеќе од 10.000 партнери.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

WURTH ГРУПАЦИЈА

Настанувањето на Групацијата Wurth е семејна приказна со долга традиција. Веќе подолго од седум деценции ги негуваме принципите на претприемничкиот бизнис и истовремено развиваме модерна корпоративна култура.

Три милиони купувачи ширум светот имаат доверба во квалитетот на Wurth и понудата која се состои од повеќе од 125.000 артикли.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

WURTH ФИЛОЗОФИЈА

КВАЛИТЕТ, ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, КОМПЕТЕНЦИИ

Инстистирањето на квалитет на производите и услугите го оформува Wurth уште од првите денови. Професионализмот и почитувањето на стандардите во текот на целиот синџир на снабдување, од истражување и развој, преку производство и дистрибуција, до врвни постпродажни услуги, обезбедуваат максимално задоволство на нашите купувачи. Односот на Wurth кон вработените, деловните партнери и средината во која работиме се одразува во специфични корпоративни вредности. Техничката компетенција, барањето резултати и промовирањето на успехот се цврсто врежани во нашата корпоративна култура.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

WURTH КАРИЕРА

Корпоративната култура на Wurth Македонија е насочена кон луѓето и нивните потенцијали. Вработуваме квалитетни луѓе кои ќе ги поддржат нашите стратегиски определби. Луѓето заземаат одговорни позиции во Wurth според своите способности, а не врз основа на годините од работен стаж.

ИСТРАЖИ ЗА КОНКУРСИ