КАРИЕРА

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО WURTH – ТИМ КОЈ ПРОМОВИРА ПОСТИГНУВАЊЕ, УСПЕХ, ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП И ЗАЕДНИШТВО

Информирајте се за отворените позиции и единствената корпоративна култура чии клучни карактеристики се компетенција, едукација и беспрекорна услуга.

ПРОДОЛЖЕТЕ

Wurth
ВО МАКЕДОНИЈА

0

ГОДИНИ РАБОТА

Компанијата е основана на 20.12.1994 година во Скопје

0

ВРАБОТЕНИ

Имаме вработено повеќе од 70 луѓе.

wurth ВО МАКЕДОНИЈА

КОРПОРАТИВНИ ВРЕДНОСТИ
WURTH ВО МАКЕДОНИЈА

ЗОШТО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ
ОД СЕМЕЈСТВОТО НА WURTH

ПОСТОЈАНА ЕДУКАЦИЈА И НАПРЕДУВАЊЕ

Луѓето заземаат одговорни позиции во Wurth благодарание на своите способности, а не врз основа на работниот стаж. Отворени сме за иновации и го поддржуваме постојаното учење. Веруваме дека со добра организација може да се урамнотежи посветеноста на работата и приватниот живот.

КУРСЕВИ

Ги стимулираме вработените самостојно да предлагаат курсеви кои сакаат да ги посетуваат. Во согласност со барањата на одредени позиции и изложеностите во меѓународното опкружување, организираме курсеви на англиски, германски и руски јазик, како и специфични вештини за вршење на конкретни работи.

ОБУКА

Основната обука за нашите производи и процеси кај нашите купувачи е првиот чекор во интегрирањето на нови колеги. Обуката се реализира во едукативните центри на Wurth, каде што нашите специјалисти обучуваат не само вработени од Македонија, туку и колеги од регионот, како и други компании во рамките на Групацијата Wurth ширум светот.

МЕЃУНАРОДНА КАРИЕРА

За вработените кои остваруваат натпросечни резултати и имаат желба за вклучување и меѓународно работење во Групацијата Wurth, постои можност за остварување на меѓународна кариера.

БИЗНИС АКАДЕМИЈА

Wurth Business Academy (Wurth бизнис академија), со седиште во Швајцарија, поседува единствена и меѓународно призната MBA програма за вработени во Групација Wurth. Покрај тоа, Академијата организира голем број специјалистички курсеви, програми за обука и семинари со цел унапредување на знаењето на работените кои се номинирани за идни членови на раководството или веќе работат на раководни позиции.

ПРИЈАТЕЛСКО РАБОТНО ОПКРУЖУВАЊЕ И
ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Веруваме дека успехот на фирмата и задоволството на нашите клиенти се директно поврзани со задоволството на нашите вработени. На нашите колеги им обезбедуваме квалитетна исхрана во ресторанот на Wurth, набавуваме најсовремен ергономски мебел и квалитетна опрема за работа, трудејќи се да обезбедиме најдобри можни услови за урамнотежен живот и работа.

ПОСВЕТЕНОСТ НА РЕЗУЛТАТИТЕ
И НАГРАДУВАЊЕ НА УСПЕХОТ

Наша основна дејност е директната продажба, каде што резултатот брзо се гледа и е лесно мерлив. Дел од нашите основни вредности кои секојдневно ги живееме, се и ориентацијата на целите и ориентацијата на резултатот. Ги стимулираме нашите вработени да бидат креативни и иновативни, да го аргументираат своето мислење и своите идеи со цел да донесат нова вредност за нас и нашите клиенти. Се трудиме да ја намалиме бирократијата и бараме ефикасност во сите сегменти на работата. Целиот систем е замислен така што многу брзо се препознаваат поединците кои покажуваат вонсериски резултати.

ОДДЕЛЕНИЈА
НА WURTH ВО МАКЕДОНИЈА

Централно место во нашата организација зазема продажбата и продажниот тим. За продажбата велиме дека е прва меѓу еднаквите. Сите останати одделенија работат на остварување на нашата заедничка цел – да им обезбедиме квалитетни и иновативни производи на купувачите, т.е. да им пружиме ефикасни решенија за нивните проблеми.

ПРОДАЖНИОТ ТИМ
НА WURTH

Продажниот тим се состои од значаен број вработени во Wurth. Претставниците за продажба одржуваат директни контакти со нашите купувачи и во својата работа ги демонстрираат основните постулати на Wurth филозофијата – високо ниво на професионализам, врвен квалитет и беспрекорна услуга.

Ние ја сакаме продажбата. Продажбата е позитивна дејност. Централно место на нашите филозофии и речиси на сите наши напори е клиентот – професионалец за монтажа. Веруваме дека со нашата работа им помагаме на нашите клиенти. Ориентирани сме на нивните потреби и правиме сѐ за нашите деловни партнери да бидат задоволни. Веруваме дека секој наш клиент заслужува индивидуален третман.

ВНАТРЕШНИ
СЛУЖБИ

Вработените во внатрешните служби на компанијата го поддржуваат нашиот продажен тим и овозможуваат на нашите купувачи да им понудиме иновативни производи со врвен квалитет.

МАРКЕТИНГ

ICO

BI & IT

ПОДДРШКА

НАБАВКА

ЛОГИСТИКА

ФИНАНСИИ

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Oтворени работни места

Придружи ми се на Wurth семејството – погледни ги отворените позиции во моментот

Не ја гледате вашата позиција
а сакате да конкурирате?

ПРОЦЕС НА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ

ИСПРАЌАЊЕ ПРИЈАВИ

За да влезете во процесот на избор на кандидати, неопходно е да испратите мотивационо писмо и работна биографија (CV) преку кои ќе се види на кој начин ги исполнувате дефинираните потреби на работното место за кое конкурирате.

ТЕЛЕФОНСКО ИНТЕРВЈУ

Во текот на телефонскиот разговор со кандидатите, зборуваме за искуствата на нивните претходни работни места, како и за причините за напуштање на претходни работодавачи.

ТЕСТИРАЊЕ

Сите кандидати кои доаѓаат до овој чекор решаваат два теста: проблемско-логички тест и тест за техничко знаење. Покрај тоа, за работните места во внатрешните служби се спроведуваат тестови за познавање на англиски јазик и употреба на програмот Microsoft Excel.

ПРВО ИНТЕРВЈУ

При првиот разговор, кандидатите за својата кариера и претходните достигнувања зборуваат со претставници од одделот за човечки ресурси, а во случај на конкурс за позиција во внатрешните служби, зборуваат и со раководителот на соодветното одделение.

ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ТЕРЕН

Кандидатите кои се пријавиле за работно место во продажба одат на терен со еден од нашите искусни комерцијалисти и директно се запознаваат со нашиот пристап на продажбата во директен контакт со купувачите.

ФИНАЛНО ИНТЕРВЈУ

При носење на конечни одлуки, секој кандидат има прилика во финалниот разговор да се претстави на генералниот директор или директорот за продажба, како и на раководителите и шефовите на други одделенија.

ОБУКА И ПРОЦЕНКА

Сите кандидати кои ќе го поминат финалниот разговор, минуваат низ процес на обука и проценка на усвоеното значење. Преку низа предавања и тестови, се усвојува обемно и комплексно градиво чие познавање е неопходно за кандидатите да го поседуваат пред да станат членови на тимот на Wurth.