Производи

Würth ТЕХНОЛОГИЈА НА АНКЕРИСУВАЊЕ Основни Принципи, Апликации, Пракса

Време за читање: 10 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

wurth ankeri i tipli

Типлите и анкерите станаависоко-технолошки производи и со широк спектар наапликации. Нивната ефикасност и ефективностсепак,зависат од корисникот, далиимаспецијализирано знаењекакоточно и коиWürth анкери и типлинајдобро одговараатза решавање наиндивидуаленпроблем.


Многу Würth анкери и типли имаат добиено официјално техничко одобрение за употреба во градежни проекти низ цела Европа: за инсталација на било кои такви технички одобрени производи природно се бара стручно знаење во делот на инсталирање.


Принципи на прицврстување на анкерите во градежна подлога


  1. Прицврстување со помош на сила

Прицврстувањето на анкерот на овој начин се остварува со придвижување (заклинување) на конус во чаура. Пренесувањето на силата се врши со триење помеѓу чаурата која се проширува во градежната подлога. Со проширувањето на чаурата настанува локално ограничена пластична деформација на бетонот. Поставувањето не смее да се врши произволно. Во зависност од типот на анкерот предвидени се контролни механизми, односно затегнување со помош на момент-клуч.

fiks anker princip

сл.Анкер за големи оптоварувања W-HL

Најчесто употребуван анкер:

W FA fiks anker

Примери за прицврстување:


primeri za pricvrstuvanje

2. Прицврстување со помош на контролиран пат

Овој тип на анкери W-ED се прицврстува со помош на удар од чекан, се удира конусниот клип кој ја проширува чаурата на анкерот во градежната подлога. Ударот по конусниот клип мора да се изврши со специјален алат за да се обезбеди контролирано ширење на чаурата од анкерот.

udaren anker

Ударен анкер W-ED

Примери за прицврстувања:

udarna metalna

3. Прицврстување со помош на пополнување


Ова прицврстување на анкерите се остварува на два начина:

-со смеса за пополнување во стаклени патрони

-со инјекциони системи

injectori ankeri

3.а. Прицврстување на анкери со смеса за пополнување во стаклени патрони

Овој тип на анкери се состои од метален дел (навојна шипка) и двокомпоненетна смеса за пополнување во стаклен патрон.


Würth има два типа на стаклени патрони и тоа за:


а) Анкер W-VAD поставување на навојно вретено со завртување / удар

б) Анкер W-VHP- поставување на навојно вретено со удар од чекан


Овие анкери наменети се исклучиво за полни подлоги како што се бетон, камен и полна цигла.

Во издупчена дупка се поставува соодветен стаклен патрон и тоа секогаш со заоблениот крај надолу. Потоа, металниот анкер, се поставува со завртување и удар во издупчената дупка со стаклениот патрон. По поставувањето на анкерот следи процес на стврднување. Дури по потполно стврднување анкерот смее да се оптовари за разлика од механичките анкери кои можат да се оптоварат веднаш по поставувањето. Времето на стврднување зависи од температурата.

патрон

Анкер со стаклен патрон W-VAD

Добро е да се знае при монтажа: овие анкери во поглед на носивоста и векот на траење апсолутно се споредливи со металните анкери. Предноста е во анкерисување без напони во градежната подлога. Заради малата сила на притисок на страните овозможува поставување на анкерот на мало растојание од рабовите. Поголеми длабочини на поставување се постигнуваат со редење на патрони еден врз друг. Важно е дупката пред поставување темелно да се исчисти со четкање и издувување, задолжително двете.


3.б. Прицврстување на анкери со инјекциони системи


Инјекциониот систем WIT-PM 200 (Wurth Injection Technology) се користи за прицврстување во полна градежна подлога или во шупливи градежни подлоги на пр. шупливи цигли. Во издупчениот отвор од цигла се поставува ситеста чаура која се исполнува со двокомпонентна смеса од дното на чаурата кон врвот. Потоа металниот дел од анкерот се завртува во смесата и тоа како завртка со фин навој со благ притисок, до ознаката на металниот дел на анкерот.

шема хемиски

Wit PM

Инјекционен систем WIT-PM 200

При поставувањето металниот дел на анкерот ја потиснува смесата низ ситото образувајќи печурка која го исполнува шупливиот простор од градежната подлога.

Смесата ја прават две компоненти А и Б кои точно се дозираат и само-мешаат во миксер (конусна цевка). Вака измешаната смеса може директно да се доведе до дното на издупчениот отвор. Отвореното време за работа со смесата е 10 минути (при повисоки температури и пократко).

WIT

Добро е да се знае: при монтажата инjекционите системи WIT-PM 200 во поглед на носење на оптоварувањата апсолутно се споредливи со металните анкери. Предноста и овде е во анкерисување без напон во подлогата и може да се анкерисува на мало растојание од рабовите.

Инјекционите системи се применливи за безбројни примени, секаде каде што другите типли ќе откажат, со овој систем можно е да се спроведе прицврстување.

tavanici i podovi

Примери за монтажа

Механизам за носивост на анкерите и нивни избор


При избор на анкери секогаш е присутна дилема како да се одбере соодветен производ. Дилемата е уште поголема со тоа што за некои видови на примени постојат повеќе видови производи. Најчесто основните барања кои анкерите мораат да ги задоволат е надворешното оптоварување да се пренесе во носечката подлога и оваа врска да биде сигурна и долготрајна.

Сигурноста и трајноста треба да бидат основните карактеристики на врската. При избор на типот на анкерот покрај податокот за вредност на оптоварувањето и видот на градежната подлога мора да се земе во обзир и векот на траење на поставениот анкер.

Квалитет на производот: сигурност за корисникот


Анкери / типли се елементи за прицврстување кои во градежништвото се третирани како нерегулирани градежни елементи. Од таа причина, за нив се потребни извештаи за можност на користење кои се огледуваат во општите градежни одобренија односно атести.

Одобрените производи конструирани се за примена во реални услови и доследно ги исполнуваат барањата за примена.


Принципи на монтажа на анкерите

За корисникот да добие сигурна точка за прицврстување, потребно е монтажата на анкерот да се изврши во низа меѓусебно усогласени операции:


  • Дупчење на отвор /дупка
  • Чистење на издупчената дупка
  • Монтажа на анкерот
  • Оптоварување на анкерот


Монтажата на анкерот зависи од пропишаниот вид на монтажа за градежниот дел: Монтажа кај која отворот се дупчи низ предметот кој се прицврстува или монтажа кај која претходно се дупчи отворот.

Кај монтажата каде што отворот се дупчи низ предметот кој се зацврстува предметот се поставува на саканото место, се дупчи отвор во подлогата и се поставува анкерот / типлата. На пр. WHL, WHLZ, FIX, FIX-Z, пластична типла. Анкерот/типлата потоа се затегнува без симнување на предметот.

zebra shark



Сл. Најлонска типла ZEBRA SHARK

Добро е да се знае при монтажа – избраниот анкер/типла учествува во 4 операции:


  1. Дупчење: со квалитетна бургија со помош на вибрациона дупчалка (ERHD 28-MLS).Треба да се внимава длабочината на дупчење да биде соодветна. Не е дозволено да се продупчи арматурата или само со одобрение на архитект. Шупливите цигли и лесните градежни материјали да се дупчат без удар, а сите други подлоги со вибрации.
  2. Чистење на издупчената дупка: прашината од дупчењето да се отстрани од дупката со издувување или со четкање.
  3. Монтажа на анкерот: да се следи упатството за монтажа од каталошката документација за производот. Да се примени момент на затегање по пропис, за таа цел да се користи момент клуч.
  4. Оптоварување: механичките анкери можат да се отповарат веднаш освен кога ќе се постават во свеж бетон – помлад од 28 дена. Анкерите со 2- компонентна смеса можат да се оптоварат дури по стврднувањето.


Анкерот правилно е поставен кога моментот на затегнување е остварен без завртување на анкерот во градежната подлога при што предметот кој се прицврстува не смее да стои лабаво.


Општи упатства:

-пластичните типли не е дозволено да се оптоваруваат со постојани аксијални затегања

-минималната длабочина на анкерисување мора да се испочитува

-дебелината на украсните елементи, облога, изолациони материјали и слично не се сметаат во длабочината на анкерисувањето.

-отстапувањата од препорачаните вредности на производителот како што се пречник на отворот, пречник на завртката итн. доведуваат до намалување на носивоста на анкерот/ типлата.

-при поставување на дрвени подконструкции отворот може да се дупчи низ дрвото.

-анкерите/ типлите мора да ги поставува обучено лице

-металните анкери кои се поставуваат во затворени суви простории треба да бидат поцинкувани, додека анкерите кои се поставуваат надвор мора да бидат од нер’ѓосувачки челик.

шематски приказ за монтажа

Сл. Начини на монтажа во различни градежни елементи

Wurth Dubeltechnik https://www.youtube.com/watch?v=y2RtxR703vk&t=161s



Сподели на: