Компанија

REINHOLD WURTH WORKOUT WEEK 2022 составен дел од нашата корпоративна култура

Време за читање: 2 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

RW WEEK 2022

Повеќе од 30 години, Reinhold Würth Workout Week е составен дел од нашата корпоративна култура. Неделата на Вурт, од 26-ти до 29-ти април-2022, што се совпаѓа со роденденот на проф. Würth кој оваа година го прослави неговиот 87ми роденден, е годишен продажен настан и е составен дел од соработката помеѓу внатрешниот персонал и теренската продажна сила на компаниите од Würth Group. За време на оваа кампања за заедничка работа на терен, вработените во внатрешните служби ги придружуваат продажните претставници при нивните дневни посети на клиентите. Ова не само што ја зајакнува нивната соработка, туку и дава можност и на продажната сила и на клиентите да предложат подобрувања и идеи до внатрешниот персонал во личните разговори.

connected

Веќе повеќе години глобалните продажни активности на Würth ја комбинираат RW WORKOUT Week со добротворна донација: за секој продаден артикал од специјално издание, дел од средствата се донираат на УНИЦЕФ. Од големо значење ни е да ја продолжиме кампањата - затоа што помагањето на другите е дел од нашиот корпоративен идентитет. “Особено во вакви времиња, уште поважно е да не ја занемариме нашата општествена одговорност. Со оваа донација му враќаме на општеството и ги поддржуваме оние на кои очајно им е потребна нашата помош“, вели за кампањата Бетина Вирт, претседателка на Советодавниот одбор на Würth Group.

RW krckalka

Оваа година, професорот Вурт лично избра и потпиша внимателно креиран производ во премиум пакет кој по своите перформанси се разликува од производите од нашата стандардна понуда. Ограничениот производ за 2022 година е мини крцкалка со вметоци, која се одликува со својот елегантен дизајн и држач за вметоци од пластика засилена со фиберглас. Покрај фино запчеста крцкалка (60 заби), пакувањето содржи и 7 вметоци со различни големини и рачка обезбедена со магнет.

krckalka vo kutija

Производите на Wurth Limited Edition се тема на престиж и се колекционерски артикли

limited


Сподели на: