Производи

Полипропиленски влакна и нивната улога во бетонот Грижата за микропукнатини во бетонот е минато

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Широка примена на полипропиленските влакна во модерното градежништво

gradeznistvo


Со цел да бидат подобрени структурните својства на малтерот и бетонот на едноставен начин, како што e цврстина, жилавост, отпорност на замор, ударна цврстина итн, потекнува идејата во подготовката на бетон да се додадаваат PP (Poly Propylene) влакна.


PP vlakna

Со овој додаток во мешавината на песок, цемент и вода, бетонот добива подолг животен век, многу подобро се вградува, се постигнува отпорност на пукање, отпорност на удар и спречување на пукање на места на дилатација.

Додавањето на PP влакна за зајакнување на бетонот не е нова идеја. Ако тргнеме од многу одамна, во калта како градежен материјал се додавала слама за да се добие поцврст материјал за градба.

куќа од кал

Во минатото во бетонот се додавале најразлични влакна, како од јута, животински влакна и сл. Современиот развој на влакната започнал во шеесетите години. Од тогаш па сè до денес во употреба се природните органски, потоа челични, стаклени, минерални, карбон, полипропиленски и разни синтетички влакна.

Примена на влакната како додаток во бетонот, е да се подобрат својствата кои можат да бидат од голема важност во неговата практична примена.

Во свежиот бетон се додаваат влакна кои се утврдуваат според видот и типот со пресметка. Влакната со вметнување во бетонот, прават мрежа која доведува до рамномерно налегнување. Со поставувањето на арматура по целиот нејзин пресек се избегнува ризикот од поставување на арматурата во погрешна област и се спречува ширењето на потенцијалните пуканатини на бетонот во сите правци. Редуцирајќи ги пукнатините, ги намалуваат можностите за лесно навлегување на вода во зацврснатиот бетон.

ПП влакната покажуваат и добри резултати како коректори на свежиот а и на зацврснатиот бетон.

Микросинтетички (полипропиленски ) влакна

Се произведуваат од полипропилен и се со должини од 3 до 18 мм, а најприфатена е стандардна димензија од 12 мм. Со должина од 12 мм се постигнува најрамномерно мешање со бетонот и избегнување заплеткување во топка на едно место како што е почест случај со многу подолгите влакна.

Имаат широка примена. Нивна основна особина е да ја зголемат затегнувачката отпорност на бетонот, па овозможува оптимална завршна обработка, што секако е многу важно за секој мајстор. Зголемувајќи ја отпорноста на абење на бетонот, ја зголемуваат и долготрајноста и квалитетот. Овие влакна даваат и зголемена отпорност на мраз, слична на онаа која ја има бетонот со додавањето на адитиви.

Најчесто е поставено прашањето за дозирање, колку ПП влакна се додаваат во 1 m3 бетон?

Во пакување доаѓаат по 910 гр, што е идеално дозирање за 1 m3 бетон.

На пример ако имаме кошулка со дебелина од 5 cm, тогаш едно пакување е доволно за 20 m2 . Зошто е токму оваа тежина од 910 гр? Ова доаѓа од англиската мерка за тежина (Pound), која е еднаква на 2 Pounds = 910 гр.

При подготовка на бетонот во мала мешалка за бетон, ПП влакната се додаваат постепено и рамномерно се самораспределуваат при мешањето.

Вурт Македонија во својата програма ги има токму овие влакна за добивање на армиран бетон. Иако самото ПП влакно има многу голема цврстина на истегнување кое според тестирањето по SIST EN ISO 2062 : 2010 е 300 N/mm2 *, мора да напоменеме дека ПП влакната не можат да ја заменат челичната мрежа за армирање која ја дава носивоста на бетонот.

  • Тестот е направен во Словенечкиот Национален Градежен Институт

армирана бетонска плоча

Сл. арт.бр. 0893222910 РР фибер влакна, 12mm - 910 гр.

ПП влакната исто така се вградуваат во префабрикувани бетонски елементи, во тунели бидејки ги спречуваат микропукнатините.


Во современото градежништво времето и неговата заштеда е еден од главните фактори, па со појавата на ПП влакната имаме значително намалени трошоци за ангажирање на работна сила, зголемена брзина на изведување на градежни работи, подобри својства од челичните класични мрежи, го чинат микроармирањето многу едноставно и брзо.


Предностите на ПП влакната во однос на челичната мрежа се лесно и едноставно вградување, нема развој на корозија, ја подобруваат отпорноста на абење и удари, ја зголемуваат отпорноста на вода заради намалени микропукнатини и на крај се поекономични.


Во западноевропските земји овој начин на изведување завзема примарна позиција при изградба на тунели, патишта, аеродромски писти, подни бетонски плочи па дури и во градба на станови.

плоча со кошулка

Кај нас сеуште најраспространета примена ПП влакната имаат во подготвување на кошулки за порамнување на бетонски плочи, подлоги пред да се лепат плочки или да се поставува дрвен под (ламинат, паркет или таркет), потоа индустриски подови во производни хали, маацини, гаражи, во станбени објекти и сл.


Секако за идеално и брзо порамнување претходно потребна е и ласерска технологија за нивелирање:

Ласер и статив

Ласер RL 05 14

Art.-no.0988042204 ROTATION LASER SET, RL5-14

https://www.youtube.com/watch?v=Vy020DZO30U

Со натамошниот развој на влакната, како и технологијата на спојување, микроармираните бетони ќе имаат се поголема примена.

комплетна кошулка

Сподели на: