Совети

ОД СТАРО ДО НОВО ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ Како да ги реставрирате вашите фарови

Време за читање: 5 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Како да ги реставрирате вашите фарови и да ги направите да блескаат како нови

zamaten far

Со текот на времето, пластиката на вашите фарови ќе деградира и ќе се замати. Ако Вашите фарови не сјаат како порано, еве како да ги реставрирате.

Фаровите се најважните делови кои треба да ги одржувате чисти на вашиот автомобил.Не само што овиемоќни леќиви дозволуваат да го видите патот, туку овозможуваат идругите возачи да ве видат.

Повеќето леќи за фарови се направени од поликарбонатна пластика. Оваа силна пластика е совршена за да ги издржи тешките услови на патот без да се скрши, но не е вечно отпорна на сонцето. За првично да се заштитат, производителите ги обложуваат леќите со заштитна фолија од УВ. Но, со текот на времето овој филм се уништува од УВ зраците, по што следува оксидирање на пластиката.

zamateni farovi

Ако вашите фарови почнале да се замаглуваат или да стануваат жолтеникави, тогаш јасно е дека процесот на оксидација е започнат.

Сепак, не грижете се, бидејќи враќањето на првобитниот изглед на тие фарови е лесна задача. За ентузијастите секако е, но ако ви се чини дека ова е потфат за професионалец, тогаш обратете се кај авто лакер / авто-лимар. Следете ги чекорите опишани подолу за тоа како да ги реставрирате вашите фарови и за колку кратко време ќе го вратите чистото фабричко ноќно гледање.


Започнете со тоа да ги обезбедите потребните производи. Наједноставниот начин да го направите тоа е да земете комплет за реставрација на фаровите, кој ќе ги содржи сите потребни материјали. На пазарот може да се најдат сетови од различни производители. Сите тие работат на ист начин, а принципот е објаснет подолу.


Но овие производи исто така може да ги купите и поединечно. Во основа, потребни ви се неколку различни водени брусни хартии со гранулација P1000, P2000, полир пасти, сунѓери за полирање и УВ заптивната смеса и секако машина за полирање. Потоа леплива лента за изолирање, сунѓер и крпи за бришење.

polir pasti i sungeri

polirka

komplet poliranje

Чекор 2: Исчистете ги добро вашите фарови

Најпрво е потребно темелно миење на леќите на фаровите со авто - шампон и вода. Добро е да ги измиете и околните области, затоа што потоа ќе треба да ја залепите лентата за изолација и заштита.


Чекор 3: Изолирајте ги фаровите со лента.

Заштитете најмалку 3 cm во ширина околу фарот. Потоа со водена брусна хартија започнете рачно да ги брусите само леќите, внимавајте да не ги зафатите околната боја или облогата. Затоа, користете ја излолациската лента за целосно да го блокирате фарот и да го заштитите остатокот од автомобилот. Ако раката случајно ви лизне и случајно поминете со брусната хартија врз лентата, ќе ви биде мило што одвоивте време најпрво да направите заштита.


Чекор 4: Брусење

Ова е најважниот чекор. Процесот на брусење е ист без разлика дали сте го купиле комплетот или само материјалите.

vodena smirgla


Започнете со најабразивната водена брусна хартија што ја имате. Ако го следевте нашиот совет и обезбедивте гранулации P1000, P2000 можеби и P3000, тогаш започнете со P1000 гранулација (пониските бројки значат повеќе абразивни / погруби). Намокрете ги брусната хартија и фарот, а потоа избрусете ја леќата со прави, хоризонтални потези. Цело време со оваа прва гранулација во иста насока. Осигурајте се дека ја одржувате површината влажна додека работите - во спротивно ризикувате лошо да ја изгребете леќата поради наталожување на честички. Вашите резултати ќе зависат од тоа колку добро ја извршувате работата во оваа фаза, затоа не плашете се да поминете 5 до 10 минути токму во брусење со водена брусна хартија.


Повторете го процесот со помалку абразивните хартии - во нашиот случај, 2000, а потоа и 3000 (не е задолжително) - и не заборавајте да ја чистите леќата пред секое следно брусење. Единствената разлика со овие две ќе биде насоката на вашето движење на брусење. Со оглед на тоа што користевте хоризонтални потези со првиот премин, тогаш потребно е да шмирглате дијагонално преку фарот во следниот премин. Конечното брусење треба да биде во спротивно дијагонално движење од она што претходно сте го направиле. Секогаш погрижете се хартијата и леќите да останат влажни со вода. Цревото или шишето вода со прскалка тука прават чуда.

efekt vodena smirgla

Чекор 5: Полирање

Сега е време да ги откриете резултатите на вашата работа. Избришете ги и исушете ги фаровите, а потоа ставете дел од пастата за полирање на чиста крпа од микрофибер:

Микрофибер крпа за професионално чистење и одржување на возилата


Должина x ширина: 40 x 40 cm

mikro krpa

MICROACTIVE CLOTH PROFESSIONAL

Втријте во површината на фарот неколку минути со кружни движења. Секако процесот на полирање е поефикасен ако користите машина за полирање и соодветни сунѓери за полирање. Во процесот на полирање, препорачуваме да користите два типа на полир пасти кои лесно се препознаваат по бојата на капачето:


Злена – груба

Сина – средна

Портокалова – фина


Во првиот чекор:


Брза полир паста – за првиот чекор на полирање, - Високо абразивна со висок сјај за брзо отстранување на површинските дефекти при свежи поправки и целосно стврднати горни слоеви.

P10FAST GRINDING POLISH P10 PLUS

(Или може да се користи и специјално наменетата полир паста за поликарбонатни фарови:

P80PCFAST GRINDING POLISH P80 PC)

Со соодветен сунѓер:

zelen sungjer

Во вториот чекор:

финална полир паста– за да се добие идеална кристално – проѕирна површина.

Полирање со висок сјај за трајно отстранување на линиите и холограмите.

P30ANTI-HOLOGRAM POLISH P30 PLUS

(Или може да се користи и специјално наменетата полир паста за поликарбонатни фарови:

P90PCHIGH-GLOSS POLISH P90 PC)

Со соодветен сунѓер:

Portokalov sungjer

Како и да е, ќе добиете одличен ефект било да ги изберете полир пастите за лак или полир пастите за поликарбонатни стакла.


Може полирањето да го направите и во три премини – груба, средна и фина полир паста, но не е задолжително. На крај, повторно измијте со вода и избришете.

tri polir pasti

Чекор 6: Користете UV заштита за лак


Треба да нанесете УВ заптивна смеса на вашите фарови затоа што сте ја отстраниле целата стара оксидирана заптивна смеса кога сте бруселе. Целата ваша напорна работа ќе биде залудна ако го прескокнете овој чекор, бидејќи заптивната смеса е заштитниот слој што ги спречува леќите повторно да заматуваат.

UV zastita za lakPAINT SEALANT, PERFECT

Поставете ја подлогата за полирање рамно на областа и стартувајте ја машината. Обработете ја областа користејќи лесен притисок на 1500–2000 вртежи во минута. Клучот овде е целосната покриеност, но обрнете внимание на упатствата на комплетот што го купувате. Општото правило е да се нанесе само еден слој на заптивна смеса, освен ако упатствата експлицитно не ви кажуваат поинаку. Отстранете го преостанатото полирачко соединение со крпа од микрофибер. Ќе ги добиете најдобрите резултати ако ги следите упатствата точно како што се испечатени за кој било комплет за реставрација што ќе го изберете.

pred

potoa

Чекор 7: Направете проверка

Ако ги следевте сите овие чекори и сè уште не гледате големо подобрување, тогаш можеби вреди да го повторите тоа со уште повеќе брусење. Сепак, некои леќи можеби се премногу оштетени и ќе треба или стручна помош или целосно да се заменат.


Погледнете ја целата постапка:

https://www.youtube.com/watch?v=Of6z5DPgmbg


Сподели на: