Совети

Минимален напор, максимална безбедност четири чекори до ново стакло

Време за читање: 5 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Ветробранските стакла се исклучително квалитетна компонента. Поради нивната цврста поставеност, тие даваат значаен придонес за стабилноста на целото возило. Затоа, заменувањето на стаклото бара највисоко ниво на прецизност и соодветни работни материјали. Работете безбедно со Würth лепила за прозорци. Нашите системи се идеално прилагодени за поправка на постари и на нови модели на возила. Можете да дознаете како да го замените ветробранското стакло во следните упатства - чекор по чекор.

Чекор 1: Како да ги демонтирате додатоците

За да се замени стаклото, мора да биде слободно, достапно. Затоа, прво расклопете ги сите надворешни дополнителни делови.

  • Отстранување на декоративната лајсна: со четириделниот сет на клинови за демонтирање од Würth, можете брзо и лесно да ги отстраните пластичните штипки / држачи. Пластиката засилена со стаклени влакна го спречува телото да се деформира или оштети при демонтирање.
  • Отстранување на бришачот на шофершајбната: употребете го подигачот на штипки за да ги олабавите капачињата, а потоа и завртувачката врска на рачката на бришачот со реверзибилната крцкалка Würth. Со извлекувачот, можете лесно да ги извадите краците на бришачите со движење на туркање и повлекување.

Внимание: Контактната електрохемиска корозија се јавува на приклучокот кога алуминиумот и челикот се спојуваат, односно контакт помеѓу разнородни метали. Затоа мора да очекувате евентуално оштетување или деформација при олабавување на оваа врска. Но секако и овде имаме решение, а тоа е Rost Off Special - Отстранувач на 'рѓа со високи перформанси.

Чекор 2: Вака совршено го отсекувате стаклото (лепилото)

Ветробранското стакло се сече во неколку последователни чекори. Комплетот за сечење од Würth ја содржи вистинската алатка за секој чекор:

  • Лепилото се прободува со сондата: За да го отстраните стаклото, мора да го пробиете лепилото со сондата вклучена во комплетот. Конецот за сечење е погоден за стакла со особено тесен јаз. Нашиот совет: Заштитете ги околните делови за прицврстување на каросеријата со леплива лента Würth од ткаенина.
  • Прицврстете го конецот за сечење на сондата. За време на овој чекор, проверете дали конецот за сечење е поставен под работ на стаклото.

  • Прицврстете го конецот внатре во возилото на алатката за сечење: Погрижете се потоа да ја поставите алатката спроти местото на дупчење и да создадете доволен вакуум. Оптималното задржување е загарантирано ако ја притиснете функцијата на пумпата додека црвената ознака повеќе не може да се види. Повторете го овој чекор три пати за да стигнете до секој агол од стаклото.
  • Извадете го старото стакло: закачете ја вакуум рачката директно на стаклото. Потоа подигнете го стаклото заедно со член на персоналот и ставете го на безбедна површина.
  • Израмнете го лепакот со универзалниот комплет за стругалка и ножеви од Würth.


Совет од Вурт: Со комплетот за отстранување на стакла Würth, не само што можете полесно, туку и побрзо да го отстраните стаклото. Ова значи дека професионалното отстранување на предните и страничните стакла може да се изврши уште побрзо и поефикасно. Со овој систем, исто така не е неопходно да се отстранат внатрешните облоги“.

Чекор 3: Како правилно да се подготви подлогата и лепилото

Чистата површина е неопходна за безбедно и цврсто залепување на стаклото. Затоа, бидете многу темелни во подготовката. Специјални средства за чистење од Würth ве поддржуваат во ова:

  • Прицврстете ги вакуум фаќалките: со нивна помош, ставете го новото стакло на прирабницата на телото. За оптимална адхезија, претходно испрскајте ја површината со активното средство за чистење на Würth.
  • Исчистете ја прирабницата на шасијата и стаклото: Отстранете ја грубата нечистотија со активно средство за чистење и специјална крпа како што е крпата за чистење Tex-Rein. Проверете дали добро сте ги исчистиле и лепливите површини.
  • Прирабница на шасијата и стаклото: За да обезбедите основа за лепилото на стаклото, грундирајте ја прирабницата на шасијата пред да го инсталирате новото стакло. За совршен резултат користете го Varioprimer 4-во-1.

Чекор 4: Како да го поставите новото стакло

По подготовката, време е за последниот чекор, лепење. Производите Würth Perfect Repair обезбедуваат убедлив резултат:

  • Нанесување го лепилото: Откако прајмерот ќе се исуши доволно, обично по 15 минути, можете да го нанесете Würth Window Adhesive Ultimate. Преформираната млазница за апликација во “V” облик ви овозможува рамномерно нанесување.
  • Инсталирајте го стаклото: поставете го стаклото на прирабницата на шасијата. За оптимална адхезија, притиснете го стаклото рамномерно и лесно на шасијата. Потоа фиксирајте го стаклото на телото со леплива лента за ткаенина. Ова ќе спречи лизгање на стаклото додека лепилото се стврднува.
  • Поставете ги дополнителните делови, речиси e готово! Во последниот чекор, повторно составете ги претходно отстранетите додатоци во обратен редослед.

Безбедноста на прво место: Како да спречите незгоди на работа

Исто како што ветробранското стакло мора да ги заштити патниците на возилото од удар, вие и вашите вработени мора да се заштитат и себеси при процесот на замена. Треба да обрнете посебно внимание на очите и рацете. За да ги заштитите вашите очи, ги препорачуваме нашите леснизаштитни очила CLASSIC. Исто така, неопходно е да носите ракавици во текот на целиот работен процес. Тие мора да бидат удобни за работа, издржливи и да ја штитат вашата кожа. Tiger Flex ракавиците ги исполнуваат овие критериуми и затоа се идеално прилагодени за замена на стакла.

Конечно, најважното нешто: Обрнете внимание на совршената услуга за клиентите

Ако клиентот го донесе автомобилот во вашата работилница за да го замени ветробранското стакло, ќе се препорачате себеси како долгогодишен партнер со одлична услуга. На пример, можете да ги користите надворешните и внатрешните заштитни средства од Würth. Тие го штитат возилото на купувачот од нечистотија и гребнатини. Навлаките на воланот и седиштата се погодни за сите типови возила. Тие спречуваат лепливи дамки или нечистотии кои можат да се појават при замена на стаклото.

Исто така, заштитете ги крилата и браникот на автомобилот кога ќе го извадите старото стакло или ќе ставите ново. Во спротивно може да се оштетат телата од челик, алуминиум и пластика.Заштитата за браникот / крилата од Würth гарантира дека повеќе нема да се грижите за заштита на каросеријата.

Дополнително, понудете им на вашите клиенти конечно чистење на нивниот автомобил – вклучувајќи чистење и нега на ентериерот. Чистењето става акцент на вашата работа и гарантира дека клиентот добро се чувствува и дека е во добри раце.


Погледнете го целиот процес овде

https://www.youtube.com/watch?v=B7cGWxEC6B0


Сподели на: