Совети

MIG / MAG заварување како лесно да спречите лепење на згурата на дизната и лепење на пуцните по материјалот кој го заваруваме

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

При заварување вишокот материјал лета на сите страни околу заварот. Тоа доведува до лепење на згурата на дизната. Во тој момент жицата не може слободно да излегува и се гужва (собира). Заварувачот мора да го запре апаратот, да го расклопи пиштолот (кој во тој момент е врел) и да фрли минимално 0,5 m од жицата. Значи, губи време и материјал. За да го спречи ова доволно е пред почеток на работата добро да ја напрска дизната од пиштолот. Ова ќе спречи настанување на споменатите проблеми.

Биолошки спреј против пуцни, при заварување на алуминиум, конструктивен челик, обоени метали, нерѓосувачки челик и горилник за заварување. Спречува лепење на згурата на дизната и со тоа оневозможува гужвање на жицата и застој во работата.

0893102100 -Спреј за заварување, Perfect, 400ml

Спречува лепење на прскање при заварување на не'рѓосувачки челик, челик и други метали и на млазниците на горилникот за заварување.

Придонесува за оптимална работа на заварување. Почетните точки за корозија се спречени. Процесот на заварување го прави стабилен.

Поради тиксотропските ефекти, активната супстанција исто така се прилепува на вертикалните површини без да истекува или да формира капки.


Ако заваруваме легирани материјали (прохром, челик...) имаме барање, површината околу заварот мора да остане чиста и без пуцни. Меѓутоа, во текот на самото заварување врелиот вишок на материјал лета околу заварот и се лепи на површината. Кога ќе се излади многу е тешко да се отстрани. Тоа мајсторите го прават со секач или со дискови за брусење. Така ја оштетуваат површината, трошат време, а ефектот не е најдобар.

За да спречиме лепење на пуцните околу заварот доволно е пред почеток со заварување местото да го испрскаме со спрејот од оддалеченост од 20 до 30 cm. На материјалот се создава невидлив филм кој оневозможува лепење на пуцните за подлогата. По заварувањето сите пуцни едноставно се бришат со крпа. Ова е одлична работа за браварите кои работат огради. Замислете како изгледа гелендер (ракофат) од кој не се добро симнати пуцните. На секој допир со рака се чувствува непријатно гребење.

Спречува лепење на шпон и краток спој внатре во пиштолот

Ова е сериозен проблем. Се случува ретко, но прави голема штета. Ако згурата при заварување прсне и влета во дифузерот, може да дојде до краток спој внатре во самиот пиштол, прегорување на цела инсталација на пиштолот а и на самиот апарат. За да го спречиме ова, постапката е иста како и кај заштита на дизната, секое утро добро да се напрска дизната и дифузерот. Филмот кој ќе се создаде, отпорен е на високи температури, а делува како изолатор.

Ги намалува термичките промени во околината на заварот –

Го лади материјалот кој се заварува и со тоа ги намалува термичките промени на местото околу заварот. Ова најдобро се гледа на заварување на прохром. Јачината на бојата околу заварот е значително помала. Заварот полесно се чисти од чадот.

Средство за заштита при заварување,SCHWEISS-SPRAY PLUS

5 lit. -0 893 102 005

Го штити заварот од влијание на гасовите од воздухот –

Од воздухот во заварот продираат гасови кои влијаат на неговиот квалитет. За да би ги неутрализирале, развиени се постапки на заварување кои се прават во заштитена атмосфера. Меѓутоа кога немаме такви постапки на заварување, местото на кое заваруваме треба да го напрскаме со спрејот за заварување. Тој не продира во заварот, останува на површината. Со оглед дека е температурно отпорен и не гори, останува во облик на филм и спречува O2, CO2 и N2 од воздухот да ја сменат структурата на заварот.

Ја шири топлотната зона на заварот и со тоа спречува прегорување на материјалот –

Кога заваруваме тенки лимови се јавува проблемот прегорување. Концентрацијата на топлина е најголема на местото на допир на жицата и материјалот. Заради високата температура тенките лимови веднаш прегоруваат и тогаш е невозможно да се направи завар. Напомнувам дека просечна дебелина на прохром лимови кои се користат е 1 – 2 mm. За да се завари ваков лим може да биде голем проблем. Потребно е пред почеток на заварувањето да се напрска местото на заварување. Спрејот нанесен на материјалот ја „развлекува“ високата температура, го неутрализира точкестото оптоварување и заварувањето се одвива нормално.

Останува на површината на заварот, не влегува во неговата структура па имаме компактен завар по длабочина –

За заштита на дизната и дифузерот, заварувачите користат разни препарати. Но сите тие препарати имаат една лоша особина, а тоа е дека влегуваат во структурата на заварот, таму согоруваат и создаваат „сунѓерест“ завар. Самото име сунѓерест, зборува каква структура е во прашање и каков квалитет има заварот. Нашиот спреј се задржува на површината и не влегува во структурата на заварот. Заварот по длабочина е компактен.

Не содржи силикон, хлор, ниту останати штетни материи.

По заварувањето на ред доаѓаат фарбање и останати површински заштити. Нашиот спреј не содржи силикон па и овие обработки на металот се можни без претходна подготовка. При заварување се ослободуваат гасови како производ на горењето. Заварувачите за заштита на дизната најчесто користат обично масло. Меѓутоа, маслото брзо гори, а продукт од тоа горење е канцероген дим. Еколошки е сосем исправен, не пречи на работниците ни на било кој начин, не содржи хлор и со тоа не ги иритира очите на работникот. Произведен е во Германија по најстроги критериуми за заштита при работа.

Дополнително, помошна боца со прскалка за нанесување на средството:

0891503001Спреј боца со пумпа 1L


Сподели на: