Подмачкувањето на активните единици во механиката е нужна потреба, но специјалистите гледаат и неколку чекори понапред, низ температурните осцилации, еколошката прифатливост, како и прилагодливост кон технологијата
Потребата за квалитетни масла и мазива настанала со развојот на механиката и индустријата, при што инженерите востановиле дека треба да се контролира триењето на спрегнатите работните површини кои се наоѓаат во релативно движење. Дополнително, се појавила и потребата за пренос на силата, на топлината, за ладење, заштита од корозија, поради што производителите на ваквите продукти имаат широк асортиман.
Препорака од експертите на Вурт од својатаTRIATHLON®програма се масла за четиритактни мотори, но исто така и масла за двоткатни машини, за менувачи и диференцијали, за трактори, за сопирачки, како и разни хидраулични и останати индустриски масла и мазива.
Кога зборуваме за моторните масла во автомобилите, нивната улога е да овозможат непречена работа на моторот штитејќи ги активните метални единици, но исто така и да ја одведат топлината од местото каде што се создава, притоа спречувајќи настанување на наслаги и/или корозија. Успешноста во креирањето на квалитетни прозиводи е верификувана со одобренијата за вградување на овие масла во многу возила, меѓу кои и групацијата Фолксваген, Мерцедес, Волво, МАН и други.
Но, иако производството на маслата може да се опише едноставно како збир на 78% базно масло и 22% адитиви, грижата на инженерите е далеку поголема бидејќи третира многу различни области. Речиси половина од адитивите се користат за постигнување на саканиот вискозитет на маслото, за да се избегнат варијациите на различни температури. Поголема вискозност значи помала течност на маслото и е обратно-пропорционална со внатрешното триење. Изборот на вистинскиот температурен опсег му овозможува на потрошувачот избегнување на пад на притисокот во системот за подмачкување, избегнување на повисоите температури, зголемено испарување и губиток на маслото, како и избегнување на абењето на местата на допирот.
Маслата на Вурт постојано се следат низ лабораториски испитувања за да одговараат на трендовите за современите возила, при што се смета дека во земјите на ЕУ просечната старост на возилата е шест години, додека во нашиот регион таа надминува 11 години. Новите автомобили имаат подолги интервали на замена, кои можат да изнесуваат и меѓу 15 и 30 илјади километри во текот на една година. Дополнително, законските регулативи кои се однесуваат на заштитата на човековата средина ги лимитираат производителите на автомобили во поглед на емисијата на честички, па оттука и маслото има значајна улога во постигнувањето на стандардите.
Сите TRIATHLON масла на Вурт се произведени во Германија, а палетата на производи вклучува и специјални серии за автобуси, транспортни возила и земјоделски машини.
Würth-ов водител за избор на масло!
Препораките за користење на масло Ви помагаат за секое возило да го пронајдете соодветното масло, без разлика дали е за мотор или трансмисија.
Многу едноставно:
- Изберете вид на возило (патничко, товарно)
- Изберете производител на возило
- Изберете модел
- Изберете тип
И на тој начин го добивате соодветното масло за своето возило.
или на
https://eshop.wurth.com.mk/masla-2