Очекувањата за ZEBRAрачниот алат се едноставни:
ЕКСТРЕМНА ПЕРФЕКЦИЈА!
Со компетенција базирана на шест децениското производство на алат, Вурт веќе 50 години нуди сопствена програмаZEBRA,која што е синоним за највисок квалитет во овој домен. Големото искуство и примената на напредни технологии при производство на алатот го даваат потребниот фокус кон постигнувањето на максимумот.
ZEBRA: Третман на највисоко ниво; Квалитет во детали;
Сите производи кои можат да се најдат со знакот наZEBRA, претставуваат врв во својата класа, а со тоа прв избор за фабриките и конструкторите низ целиот свет. Придобивките од апсолутниот премиум квалитет и постојаното подобрување и интелигентни решенија, се огледуваат низ распространетата прифатеност, но и преку признанијата: TUV низ своето тестирање во 2010 година заклучи дека крцкалките со 72 запци од програматаZEBRAимаат околу 20% повеќе циклуси од најблискиот ривал, и веќе 50% повеќе од третиот на ранг листата.
ZEBRA крцкалките со 72 запци1/4" и 1/2", Докажано најдобри крцкалки во светот.
Наградата "Reddot"пак, се доделува на оние кои се разликуваат во својот бизнис по успешниот дизајн, а во овој случај се однесува на крцкалката со 48 запци, која има функција да го блокира клучот, или да го насочи неговото движење во лево или во десно.
Најнови крцкалки во семејството се:
1/2"и1/4"ЗАШТИТЕНИ ОД ПРАШИНА
Интелигентните решенија вклучуваат прифатPOWERDRIVпрофил кој се применува на клучевите и вметоците со цел да нема оштетување на аглите и овозможува подобро и поголемо искористување на силата и до 50%:
Како и повеќенаменски клуч со пет различни употребни формиMULTI прифат:
Дополнително, широкиот асортиман на разнородни клучеви од повеќе форми, чија конструкција запазува различни потреби, како и конструкција на алат со трокомпонентна рачка која обезбедува мек фат и поголем пренос на силата, го доловуваат впечатокот за уникатниот квалитет достапен кај алатот на Вурт, обезбедувајќи долг работен век и максимална искористеност која произведува задоволство.
Вурт во својата програма го има "Zebra 3K"одвртувачот . Тој се карактеризира со три компонентна рачка, која совршено налегнува на вашата рака и овозможува оптимален пренос на силата. Финото налегнување на раката овозможува голема чувствителност во работниот процес и спречува оштетување на завртките. Поседуваат ударна капа на крајот на рачката и дополнителен прифат за клуч кои овозможуваат зголемени сили за одвртување. Во долниот дел прифатот е од хром ванадиум легура со т.н. "Black Point",што овозможува зголемена видливост, прецизно и точно налегање.
КлештитеZEBRAобилуваат со интелигентни решенија. Се карактеризираат со долг работен век, прецизност на сечивото и засилен хромиран слој. Двокомпонентната рачка се состои од црвен и црн дел. Црвениот дел овозможува сигурност и цврстина во работењето, додека црниот одлично налегнување, пријатно држење и оптимален пренос на силата.
ZEBRA - ПРЕМИУМ КВАЛИТЕТ ЗА ГАРАНТИРАНА САТИСФАКЦИЈА!