Совети

КАКО ДА НАПРАВИТЕ СВОЈ ШАХОВСКИ СЕТ Направете сами шаховски сет со завртки, навртки и подлошки

Време за читање: 5 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

srebreni

Шаховски фигури од навртки, завртки и подлошки

Идејата за фигури за шах од сврзувачки елементи дојде сосема случајно. Секојдневно во нашата работа ги користиме, па и нудиме решенија со овие сврзувачки елементи, па тогаш зошто да не направиме и нешто креативно кое ќе го користиме долго. Толку многу различни завртки и навртки со различни големини и облици и комбинации и... ете ги шаховските фигури.

Секако во шахот се сетови фигури во две различни бои, најчесто бела и црна. Овде едниот комплет е од поцинкувани или нерѓосувачки завртки, додека вториот го обоивме со бакар во спреј. Наместо боење со бакар во спреј, можете да употребите завртки и навртки од бакар или месинг. Еве ги едноставните чекори за да изградите ваш сопствен шаховски сет што ќе трае долго.

Чекор 1:Изберете го вашиот дијаметар.За овој проект користевме навртки, завртки и подлошки од M8 mm;удобна големина во вашата рака и убаво се вклопува на шаховска табла од макс. 45 - 50 cm.

Чекор 2:Соберете ги навртките, завртките и подлошките заедно. Ние отидовме на „шопинг“ во нашиот магацин, а вие можете да купувате од нашата онлајн продавница и ние ќе ја завршиме целата напорна работа за вас.

Чекор 3:Зашрафете ги парчињата следејќи ги нашите упатства


Пион / пешак

пионпион 2

Оваа фигура е многу ограничена во движење и нормално е првата жртвуванафигура.Сјајните навртки со капа личат на шлемовите на нашите војнички пиони, подготвени да ги жртвуваат своите животи за својот крал и кралица :)

Пешак – поцинкуван челик

  • 16 парчиња: завртка М8 x 30mm, арт.бр. 1057830


  • 16 парчиња: Навртка M8 со украсна капа, арт.бр. 03528
  • 32 парчиња: подлошка со гума, ф19 mm, арт.бр. 120019
    • (16 парчиња се потребни за пионите, останатите 16 се за другите фигури)
  • * Завртките ги спојувате со навртките, а подлошките со супер брз лепак се лепат за главата на завртката.

  • супер брз лепак, арт.бр. 089309


ТОП

Топот може да се движи само право, напред, назад, лево или десно онолку празни места колку што сакате се додека ниедно парче не му е на патот. Замокот – калето се соодветни за топот, бидејќи наликуваат на врвовите на средновековните замоци. Ова го правиме со помош на метални анкер типли.

ТОП - цинк или нерѓосувачки челик

  • 4 парчиња: завртка М8 x 30mm, арт.бр. 1057830
  • 4 парчиња: Ударна типла W-EDM 8х30mm, арт.бр. 190401008
  • 4 парчиња: Навртки M8, арт.бр. 13178
  • Најпрво ударниот елемент во металната типла го деформирате, односно го удирате со помош на избивач на надвор, за да се овори врвот.
  • Потоа на завртката ја завртувате навртката и на крај доаѓа металната типла.
  • Како последен чекор е лепење начетирите подлошки со гума врз главата на завртката


ВИТЕЗ (или ловец)

Витезот е многу сличен на топ, освен што може да се движи дијагонално во која било насока се додека ниту еднафигура не му го блокира патот.Нашите ловци се изградени со широки подлошки, бакарна подлошка, украсна навртка и дистантна навртка (долга навртка), обезбедувајќи силна врска за овој благороден борец.

Витез - цинк

  • 4 парчиња: завртка М8 x 40mm, арт.бр. 1057840
  • 4 парчиња: Навртка M8 со украсна капа, арт.бр. 03528
  • 4 парчиња: широка подлошка ф8х20mm, арт.бр. 0411820
  • 4 парчиња: Навртки M8, арт.бр. 13178
  • 4 парчиња: дистантни навртки M8x25mm, арт.бр. 0974825
  • 4 парчиња: бакарни подлошки ф8x14mm, арт.бр. 0460814
  • Најпрво на завртката ја навртувате долгата навртка, потоа широката подлошка, потоа стандардната навртка, па бакарната подлошка и на врвот украсната навртка. На крај ја лепиме подлошката со гума врз главата на завртката.

Коњ

Коњот може да се движи на три простори со L-облик.Овде употребивме и мала обработка на главите на торбан завртките. Оваа комбинација им дава на нашите коњи елегантна, издолжена силуета :)


Коњ – цинк

  • 4 парчиња: торбан завртка со цел навој, М8 x 40mm, арт.бр. 1223840
  • 4 парчиња: Навртки M8, арт.бр. 13178 (или 8 парчиња за верзија на торбан без навртка)
  • 4 парчиња: широка подлошка ф8х20mm, арт.бр. 0411820
  • 4 парчиња: дистантни навртки M8x25mm, арт.бр. 0974825

  • Овде најнапред ги брусиме главите на торбан завртките од две страни за да добијат долгнавест изглед. Потоа навртуваме навртка, следи широка подлошка, па долга навртка и стандардна навртка. На крајот лепиме подлошка со гума.


Кралица

Се смета за најсилната фигура во играта, кралицата може да се движи колку што сака во права и дијагонална линија во која насока ќе избере.Ги крунисавме нашите кралици со фикс анкери и спирална пружина како свечен фустан :)


Кралица - цинк и нерѓосувачки челик

  • 2 парчиња: фикс анкери, М8 x 75mm, арт.бр. 5933008075
  • 2 парчиња: широка подлошка ф8х20mm, арт.бр. 0411820
  • 2 парчиња: бакарни подлошки ф8x14mm, арт.бр. 0460814
  • 2 парчиња: притисни пружини ф12x35mm, арт.бр. 050610 35
  • Најнапред анкерот го потсекуваме на димензија со должина 55 mm. Потоа ја формираме круната со помош на комбинирани клешти, ги отвораме краците на круната. Потоа ја ставаме бакарната подлошка, под неа ја оставаме подлошката од анкерот, веднаш потоа и широката подлошка, ја ставаме пружината и на крај доаѓа навртката од анкерот. На крај ја лепиме подлошката со гума.


Крал

Кралот е фигурата која мора да се заштити по секоја цена.Кога кралот повеќе нема каде да се движи, тоа се нарекува мат што значи дека играта е завршена.Тој може да помести само едно место во која било насока.Ние, исто така, ги крунисавме нашите кралеви со фикс анкери и комбинации од навртки оставјќи го да биде највисок, истакнувајќи ја неговата сила и позиција.

Крал - цинк

  • 2 парчиња: фикс анкери, М8 x 75mm, арт.бр. 5933008075
  • 2 парчиња: широка подлошка ф8х20mm, арт.бр. 0411820
  • 2 парчиња: бакарни подлошки ф8x14mm, арт.бр. 0460814
  • 2 парчиња: Навртки M8, арт.бр. 13178
  • 2 парчиња: дел од црево, исечете 15-20 мм.


  • Најнапред скратете го анкерот на должина 60 мм. Потоа ставете ја оригиналната подлошка од анкерот, па следува бакарната подлошка, потоа широката подлошка, ставете го парчето црево, затегнете го со навртка и на кај ставете ја оригиналната навртка. Залепете ја подлошката со гума – готово.


На крај, еден сет фигури (8 пиони, 2 топа, 2 ловци, 2 коњи, крал и кралица) го боиме со бакар спреј, арт.бр. 0893114118. (или темна боја по сопствен избор)

Трошоци и совети

Еден сет фигури (64 фигури) не би требало да чини повеќе од 500 денари.

Совет: Ако делчињата се малку лабави и сакате да се уверите дека ниту едно од парчињата не се одвртува, препорачуваме да го користите ова лепило за трајно да ги прицврстите парчињата на своето место.

Арт.бр. 0893243025

Уште еден совет: Забавувајте се со овој проект.Играјте со парчињата и променете ги доколку се чувствувате креативни.

Сподели на: