Производи

HHS ПОДМАЧКУВАЧИ технолошки напредни подмачкувачи

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Асортиман на технолошки напредни подмачкувачи дизајнирани да ги исполнат барањата на професионалците

ЗОШТО СЕ ТОЛКУ МНОГУ?

  • Да го минимизираат триењето

КАКВА Е РАЗЛИКАТА?

  • Според вискозноста, може да бидат како масло, како маст или помеѓу – и двете.

Подмачкувачи како масло

Специјални подмачкувачи во спреј, за подмачкување при најмали толеранции и големо топлинско оптоварување. HHS 2000 и HHS 5000 се подмачкувачи отпорни на вода и солена вода па благодарение на своите капиларни ползечки својства можат да подмачкаат одредени делови без разделување / демонтажа.


ЛЕПЛИВ ПОДМАЧКУВАЧ HHS 2000®

Полу синтетичко масло кое е екстремно отпорно на високи притисоци

-Каков притисок издржува?

Мошне добра постојаност на притисок. Исклучително цврст филм со извонредно придушување на шумови и вибрации.

-Како може да се нанесе на непристапни места?

Има способност за разлевање. Мошне добра капиларност. Подмачкува тешко достапни места и штити од корозија. Кога ќе го напрскаме, гледаме меурчиња кои при пукање создаваат притисок и го пренесуваат подмачкувачот понатаму до сите зазори на местата кои ги подмачкуваме.

-Како прилегнува на површините?

Лепливо е. Не доаѓа до опаѓање на подмачкувачот од ротирачките делови. Ако го протриеме меѓу прстите ќе забележиме лепливи конци кои остануваат на површината

-На кои материјали може да се нанесе?

Има добра компатибилност со различни материјали, метал, пластика, гума. Не ги оштетува пластичните делови. Се однесува неутрално во однос на лакирани подлоги.

-На кои течности е отпорен?

Постојан е на распрскувачка вода и солена вода, отпорен е на слаби киселини и бази.

Не содржи силикон, смоли и киселини.

-Колкава температура може да издржи?

Температурно отпорен е од -25оС до 180оС и краткотрајно до 200оС

-Како се нанесува?

За да ја изврши својата функција на подмачкување, важно е претходно површината да се исчисти од стариот подмачкувач / масло. Ова најдобро се прави со средство за чистење HHS CLEAN арт.бр. 089310610. Потоа, протресете ја боцата, испрскајте на површината, оставете кратко да испари разредувачот и може веднаш да се забележи ефектот.

HHS 2000 подмачкувачкиот филм останува активен и не тече и не се растура под дејство на висок притисок и движење на деловите. Одлично ги раздвојува површините на движечките делови и обезбедува оптимална заштита од абење при повисоки оптоварувања и притисоци.

-За што се може да се употреби?

Погодно е за универзално подмачкување и каде што имаме високи притисоци, на пример, шарки, шини, спојки, пинови, зглобови, клацкалки, лизгачи, запченици, ланци, навојни вретена и назабени летви.

ЛЕПЛИВ ПОДМАЧКУВАЧ HHS 5000

Екстремно температурно отпорно, потполно синтетичко пенетрирачко

масло со PTFE

-За кои подмачкувања?

Сигурни подмачкувања. Навлегува се до местото каде што подмачкувачкото масло е потребно (одлично ползење). Идеално за невидливи точки на подмачкување.

-За што служи PTFE?

Цврст подмачкувач PTFE кој прави сигурна заштита од абење. Кога маслениот филм ќе се растури, подмачкувањето го презема PTFE (особини на сув подмачкувач). Остава траен анти-лизгачки филм под високи температурни оптоварувања.

-Колку долго подмачкува?

Сигурен заради долготрајниот ефект. Обезбедува сигурна и трајна заштита од корозија.

Не оксидира се до 200оС, дури и краткотрајно до 250оС. Нема остатоци од карбонизација.

-На кои материјали може да се нанесе?

Сигурно нанесување. Има добра компатибилност со различни материјали, метал, пластика, гума, О-прстени. Не ги оштетува пластичните делови. Се однесува неутрално во однос на лакирани подлоги.

-На кои течности е отпорен?

Постојан е на распрскувачка вода и солена вода, отпорен е на слаби киселини и бази.

Не содржи силикон, смоли и киселини.

-Колкава температура може да издржи?

Температурно отпорен е од -20оС до 200оС и краткотрајно до 250oС

-Како се нанесува?

За да ја изврши својата функција на подмачкување и да овозможи долготраен ефект, важно е претходно површината и деловите да се исчистат од стариот подмачкувач /масло. Ова најдобро се прави со средство за чистење HHS CLEAN арт.бр. 089310610.

Потоа, протресете ја боцата, испрскајте на површината, оставете кратко да испари разредувачот и може веднаш да се забележи ефектот. Кога и да подмачкуваме со конвенционални подмачкувачи на база на минерално масло, подмачкувачкиот филм може да се истроши, (пример при 120°C, црвена крива), нашиот HHS 5000® нуди продолжен подмачкувачки ефект (зелена крива) –"сигурно подмачкување". Долготрајниот ефект така е обезбеден и нуди одлични сигурни резерви при секојдневна употреба.

-За што се може да се употреби?

Погодно е за подмачкување кај најмали зазори и при големи температурни оптоварувања, на пример споеви кај вентили, внатрешни лагери, ланци и лизгачки шини изложени на високи температури и на многу други места.

ЛЕПЛИВ ПОДМАЧКУВАЧ HHS GREASE®

Високо-квалитетна, бела, долготрајна маст за одржување со PTFE

-Колку е долготрајна?

Одлично однесување на дихтување против влага и нечистотија. Ова обезбедува

оптимална отпорност на оксидација и ги продолжува интервалите за подмачкување.

Одлична заштита од корозија.

-На кои материјали може да се нанесе?

Одлична компатибилност со различни материјали, покрај метал, може и на пластични

делови. Се однесува неутрално во однос на лакирани подлоги.

-За што служи PTFE?

Цврст подмачкувач PTFE кој прави сигурна заштита од абење. Кога маслениот филм ќе

се растури, подмачкувањето го презема PTFE (особини на сув подмачкувач). Отпорен

при високи температурни оптоварувања.

-Зошто е бела?

Со специјална, бела пигментација. Оптимална идентификација на точките на

подмачкување при одржување и сервисна работа.

-На кои течности е отпорна?

Постојана е на распрскувачка вода и солена вода, отпорна е на слаби киселини и

бази. Не содржи силикон, смоли и киселини.

-Како се нанесува?

Погодна за подмачкување при одржување и сервисни задачи, на пример, шарки,

споеви, лизгачки шини и многу други места.

Треба добро да се протресе пред употреба. Претходно, исчистете го местото за

подмачкување од стариот подмачкувач. Потоа напрскајте на исчистените површини.

ВРВНИ ПОДМАЧКУВАЧИ ЗА ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ

Сподели на: