Совети

ДИСКОВИ НА СОПИРАЧКИ Витални компоненти на системот за сопирање

Време за читање: 4 мин.
ПРОДОЛЖЕТЕ

Дисковите на сопирачките се витална компонента на системот за сопирање, погрижете се да ја проверите нивната состојба при секој технички преглед и на секој редовен сервис.

Ограничувањата на брзината значат дека навистина не е важно колку брзо може да оди вашиот автомобил или колку брзо може да стигне до целта. Меѓутоа, запирањето на возилото е друга работа. Системот за сопирање е од клучно значење за безбедноста на вашето возило, за вас и вашите патници.

Со текот на времето, дисковите на сопирачките се абат. Тие може да пукнат или да развијат корозија или длабоки трагови / гребаници, да се искриват или едноставно да се истрошат. Кога тоа ќе се случи, тие треба да се заменат.

Продолжената работа на или под минималната дебелина на дискот може да доведе до откажување на системот за сопирање. Како што дискот ја достигнува својата минимална дебелина, растојанието на сопирање се зголемува, понекогаш и до 4 метри.

истрошен диск

сл. Истрошен диск

пукнатини на дискот

сл.Пукнатини на диск


Дали корозијата може да ја загрози структурата на дискот?


Не, ќе биде потребно многу корозија во вистинските области за да предизвика структурен дефект на дискот. Абењето од нормално сопирање има поголеми шанси да го уништи дискот.

Многу често се прават обработувања на изабените дискови, што не е секогаш препорачливо од производителите на возила. Треба да се препознае кој диск може да се обработи, а за тоа постојат информации од производителот на конкретното возило колку треба да изнесува минималната дебелина на дискот.

На крајот, обработката мора да биде прецизна затоа што при сопирање од поголеми брзини (пр.100 km/h) може да дојде до вибрации на воланот и педалата на сопирачката како и тресење на предницата и до несакани последици.

Новиот диск може да има отстапување од макс. 0,03 mm во фабриката, што е во рамките на спецификацијата за толеранции за повеќето нови возила. Но, кога е монтиран на прирабница која има 0,07 mm отстапување и има и мала корозија, склопот може да биде веќе над 0,1 mm од толеранцијата и многу повеќе од повеќето OEM спецификации. Затоа е важно и прирабницата да биде добро исчистена од нечистотии и од корозија. Дополнително треба да се проверат и лежиштата.

Странично абење Варирање на дебелината – Груби површини за сопирање

Disc Thickness Variation (DTV)


Што предизвикува пукање на дискот?


Дисковите не пукаат од удирање во дупка или тротоар, туку заради стресот од топлината и циклусите од топло на ладно. Механичките напрегања од запирање на возилото исто така можат да играат улога.

Секој пат кога се активираат сопирачките, дискот се загрева и се шири. По ослободувањето на пакновите, дискот се лади и се собира. Ова може да создаде замор во дискот што може да предизвика пукање и структурен дефект.

Заменскиот нов диск е конструиран и произведен со карактеристики за управување со стресот од топлинските циклуси. Вентилацискиот диск има посебни комори помеѓу двете површини за сопирање. Овие отвори помагаат дискот да се олади побрзо, што е основа за одржување на висок степен на триење и сила на сопирање.

сл. Нов диск

Новиот диск мора да овозможи возилото да запре под одредено растојание при различни оптоварувања, сценарија и притисок на педалата. Производителите на дискови за сопирачки мора да ги дизајнираат нивните дискови да работат на исто ниво или подобро од оригиналниот диск од производителот OEM. Отстапување од дизајнот на OEM за да се заштедат пари може да резултира со компромитиран систем за сопирање.

Секогаш на новиот диск треба да се исчистат страните за триење на дискот користејќи средство за чистење на сопирачки. Никогаш не се користи средство за чистење на база на нафта или силикон како средство за одмастување, бидејќи тоа ќе предизвика оштетување на бојата и ќе остави мрсни наслаги кои се непожелни.

бремсен

Сл. 08901087 Чистач за кочници, 500мл

крпи за бришење

сл. 0899800225 КРПИ ЗА ЧИСТЕЊЕ, МЕШАНА ТКАЕНИНА

Испрскајте го средството за чистење за сопирачки на чиста крпа. Внимавајте да не ја допирате обоената површина на дискот. Бојата е дизајнирана да се суши на високи температури и исклучително лесно се оштетува.

Свртете го дискот и исчистете ја главината на задниот дел од дискот. Со целата работа што ја вложувате во поправката / замената, последното нешто што сакате е да монтирате нечист диск.

При составување на склопот за сопирање потребно е да се следат упатствата од производителот за затегање до правилниот вртежен момент со помош на момент клуч.

момент клуч

арт.бр.071471 24 Момент клуч 1/2', 60-300 Nm

Секако, тоа треба да се направи и со затегање на тркалото.

бандаж

На крај, задолжително тестирајте го возилото за да се обезбеди правилно функционирање на системот за сопирање.


Сподели на: