12 V оловно киселинска батерија за автомобил
Овие големи и прилично тешки батерии се користат во секое возило со мотор со внатрешно согорување. Акумулаторот е главен дел од возилото, па ајде накратко да видиме која е неговата функција и како работи.
Како изгледа акумулатор / батерија за возило?
Ова е оловно киселинска батерија, бидејќи внатре има оловни плочки кои се потопени во киселина, тоа создава хемиска реакција која ослободува енергија и обезбедува напон и струја. Затоа батеријата складира енергија во форма на хемиска енергија, таа не складира електрична енергија. Оваа хемиска енергија се претвора во електрична секогаш кога ни е потребна.
Оваа батерија исто така повторно се полни ако ја снабдиме со електрична енергија, тогаш можеме да ја вратиме хемиската реакција и полнењето на батеријата.
Овие типови на батерии обезбедуваат големи количини на струја, особено во споредба со типичните помали алкални батерии во домаќинството.
Мала волтажа (напон), мала струја, мал капацитет на складирање, за еднократна употреба
Автомобилската батерија (акумулатор) се наоѓа во просторот кај моторот на автомобилот.
Најпрво се користи за палење на моторот и тоа го прави со обезбедување електрична енергија на мал електричен мотор познат како стартер или анласер.
Стартер – анласер положба кај моторот
Стартерот вклучува мал запченик на замаецот на моторот кој го врти коленестото вратило (радилица) кое го стартува моторот со согорување. Малиот запченик потоа се исклучува и моторот продолжува да работи сам. Ова е времето кога го вртите клучот за стартување на моторот, 1- 2 секунди.
Стартерот треба да обезбеди огромна количина на сила за да го придвижи замаецот и да го стартува моторот. За да го направи ова, потребна му е екстремно голема струја, веројатно стотици ампери, но ова е само за неколку секунди. Оваа голема побарувачка на струја ќе го намали складирањето на енергија на батеријата така што ќе треба да ја надополниме оваа потрошена енергија.
Ова го прави алтернаторот кој е поврзан на моторот. Тој се ротира од моторот и генерира електрична енергија која се враќа назад во батеријата за да се надополни.
Алтернатор и положба кај моторот
Додека моторот работи, алтернаторот ја полни батеријата но исто така обезбедува електрична енергија за останатите уреди во возилото како што се осветлувањето, радиото, навигација, вентилација.
Кога побарувачката за електрична енергија во автомобилот ја надминува онаа што алтернаторот може да ја обезбеди, тогаш батеријата ќе ја обезбеди оваа дополнителна енергија што повторно ја празни батеријата. Ако моторот е исклучен, алтернаторот престанува да се ротира и да ја полни батеријата, така што батеријата ќе ја обезбеди целосната електрична енергија на автомобилот додека не се потроши. Во овој момент, батеријата не може да обезбеди доволно електрична енергија за да го стартува мототрот, така што ќе треба да употребиме моќен екстерен стартер-акумулатор.
Кои се главни делови на батеријата?
Најпрво имаме пластична кутија која ги држи сите внатрешни компоненти:
На врвот имаме пластичен капак и има два терминали, позитивен и негативен.
Внатре во кутијата може да се забележат 6 одделни комори секоја одделена со пластичен ѕид. Секоја комора е позната како ќелија и секоја ќелија генерира околу 2,1 V еднонасочна струја – DC (Direct Current).
Секоја ќелија е поврзана во серија, негативата од едната ќелија е поврзана со позитивата од следната ќелија за да на излез ни даде вкупна волтажа од околу 12,6 V, исто како да сте ги поврзале алкалните батерии тип AAA во далечински управувач за телевизор, 2 X 1,5 V = 3V. Напоните се собираат заедно за да се обезбеди поголем вкупен напон. Така во товарните возила, автобусите, градежните и земјоделските машини, се поврзуваат 2 акумулатори за да се обезбеди напон од 24 V. Секако, треба да се одберат соодветни батерии со јачина (колку Ah ).
Во секоја ќелија имаме голем број на плочи кои се листови од олово. Плочите се формираат во структури од типот на мрежа што ја максимизира површината на решетките кои се обложени во паста од олово оксид. Пастата е местото каде што се случува хемиската реакција, таа делува малку како сунѓер и ќе апсорбира дел од електролитната течност што ја подобрува работата на батеријата.
Големината на плочата одредува колку многу струја може да обезбеди батеријата, но не го менува напонот на материјалите што се користат за хемиската реакција, а бројот на плочи го одредува напонот добиен од секоја ќелија. Решетката ја држи пастата на место за да обезбеди рамномерна распределба на струјата низ плочата и помага да се транспортираат електроните надвор од батеријата и околу електричното коло на автомобилот.
Негативната плоча е анода и ова е плоча од чисто олово. Позитивната плоча е катода и таа е направена од оловен оксид. Плочите се направени од различни материјали за да се формира хемиската реакција и да се ослободат електроните. Сега не треба позитивните и негативните плочи да дојдат во директен контакт една со друга бидејќи тоа би направило краток спој, па затоа секоја позитивна плоча ја ставаме во разделувач (плико) кој е порозен материјал кој дозволува јоните да течат низ него без материјалите да дојдат во директен контакт еден со друг. Потоа секоја комора се полни со електролитна течност од сулфурна киселина и вода, (една третина сулфурна киселина и две третини вода), па оттука батеријата се нарекува батерија со оловна киселина.
Додека постои потрошувач (патека на електроните), на пример светилка, хемиската реакција се одржува и продолжува, но тоа не може да трае вечно. Хемикалиите потребни за реакцијата се трошат, киселината станува разредена и послаба, а акумулацијата на олово сулфат ги обложува двете електроди, што значи електродите стануваат послични и така хемиската реакција станува потешка за постигнување. Но за среќа оваа хемиска реакција може да се смени, па ако ја снабдиме батеријата со електрична енергија од алтернаторот, можеме да ја менуваме реакцијата.
Ако ја оставиме батеријата целосно да се испразни предолго или премногу пати, станува многу тешко да се врати хемиската реакција. Во тој случај батеријата треба да се замени.
Па ако ја погледнеме хемиската реакција во акумулаторот, таа се одвива помеѓу секоја плоча во секоја ќелија за да обезбеди стотици ампери струја за стартување на моторот и исто така да обезбеди напон за светлата и останатите уреди.
Тестирање на акумулаторот може да се направи со мултиметар со поставка на DC. Ако отчитаната вредност е помала од 12 волти, тогаш батеријата не функционира правилно. При стартување на моторот, напонот може да падне на околу 11 волти, но ако падне под 10 волти тогаш батеријата не функционира правилно. Кога работи моторот, алтернаторот генерира струја и тогаш треба да видиме малку повисок напон, околу 14 волти. Ова помага за да ги присили електроните да ја вратат хемиската реакција.
Во просек, може да очекувате оловно-киселинска батерија да трае околу 42 месеци, но оваа временска рамка ќе варира во зависност од голем број променливи - како што се топла или ладна клима, должината на патувањето и перформансите на колото за полнење на вашиот автомобил.
Типови на акумулатори – батерии 12V
Оловно киселински
- Отворен тип на батерија
- Затворен тип на батерија
-AGM – (absorbent glass mat) батерии
-Гел батерии
Во поново време се повеќе акумулатори се изведуваат како затворен тип на батерија. Не е потрбно повремено дотурање на електролит (дестилирана вода).
Вурт во својата програма ги има токму овие батерии од затворен тип,
High Performance:
- Бескомпромисен старт во сите временски услови.
- Целосно без одржување, со дополнителен индикатор на наполнетост.
- Ca/Ca технологија.
- Долг век на работа – поради специјално дизајнираните плочи за рамномерно раздвижување на електролитот во акумулаторот и брз поврат на потрошената енергија.
- Отпорни на вибрации и нерамнини на патот.
- Погоден за урбани циклусни оптоварувања.
- Погоден за автомобили со високо ниво на опрема.
И уште една линија Heavy Duty:
- Отпорни на вибрации и нерамнини на патот.
- Погодни за сите временски услови
- Стандардно ниво на опрема
- Погодни за разни карго возила, автобуси, градежни машини како и за земјоделски машини
При производството на овие батерии на контролни места се спроведуваат тестови за контрола на квалитет.
Секоја батерија поминува на серија тестови за исправност на келии, исправност на поврзани плочи и споеви, на дефектни полови, дали кутијата е херметички затворена, електричен тест за Ah и моќност на батеријата итн. Сето ова резултира со 0,034% рекламации во периодот на употреба.
Секако на крај, еве неколку едноставни начини како да го продолжите животниот век на батеријата на вашиот автомобил:
- Редовно тестирајте го напонот на вашата батерија.
- Не оставајте го вашиот автомобил некористен долго време.
- Редовно чистете ја батеријата.
- Кога моторот на вашиот автомобил не работи, не користете електронски додатоци / уреди.
- Сервисирајте го вашиот автомобилредовно.
https://eshop.wurth.com.mk/akumulatori