Гаранција

Гаранција

ГАРАНТЕН ЛИСТ ЗА WÜRTH МАСТЕР АЛАТПод условите определени во овој гарантен лист, Друштвото за трговија на големо и мало ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Првомајска“ бб, 1000 Скопје – Кисела Вода, Р. Македонија, (во натамошниот текст: „ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ“) дава гаранција за квалитетот, односно исправното функционирање на сите WÜRTH електрични, пневматски и батериски МАСТЕР алати од својот асортиман.

А. ОСНОВНА ГАРАНЦИЈА

За сите WÜRTH електрични, пневматски и батериски Мастер алати од својот асортиман, ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ дава основна гаранција под следниве услови:
Основната гаранција важи 12 (дванаесет) месеци од датата на купување на алатот која е наведена во гарантниот лист, со приложен гарантен лист и оригинална сметка / фактура за купување на алатот.
Основната гаранција важи исклучиво доколку електричниот алат е предаден на претставникот на продажба на ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ или е донесен во МАСТЕР сервис заради дефектажа и отстранување на недостатоците.
Со основната гаранција се покриени сите недостатоци на алатот кои се последица на грешка во материјалите од кои е произведен алатот или се последица на грешки во процесот на производство.
Гарантниот рок за батериите од батерискиот Мастер алат важи 3 (три) месеци од датата на купување на алатот која е наведена во гарантниот лист со услов батериите да се продадени во комплет со батерискиот алат, со приложен гарантен лист и оригинална сметка/фактура за купување на алатот. Батериите мора да бидат правилно формирани. Останатите услови за гаранција за батерискиот Мастер алат се исти како и за електричниот Мастер алат.
Со основната гаранција не се покриени визуелни недостатоци на алатот кои немаат влијание на неговата функционалност и правилна работа.

Б. ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

За сите WÜRTH електрични и батериски Мастер алати од својот асортиман, ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ дава продолжена гаранција под следниве услови:
Втора година на гаранција се одобрува на купувачот ако во периодот од 4 недели пред истекот на основната гаранција, алатот го донесе на контролен сервис при што ќе се изврши замена на сите изабени делови, а купувачот ќе сноси 50% од трошоците при таквата поправка. Со тоа се овозможува продолжување на гаранцијата за наредните 12 месеци под исти услови како и во првата година на основната гаранција. Купувачот е должен при праќање на алатот на контролен сервис со алатот да го достави и гарантниот лист и оригиналната сметка за купување на алатот.
Трета година на гаранција се одобрува на купувачот ако во период од 4 недели пред истекот на втората година на гаранција го донесе алатот на контролен сервис при што ќе се изврши замена на сите изабени делови, а купувачот ќе сноси 75% од трошоците на таквата поправка. Со тоа се овозможува продолжување на гаранцијата за наредните 12 месеци под исти услови како и во првата година на основната гаранција. Купувачот е должен при праќање на алатот на контролен сервис со алатот да го достави и гарантниот лист и оригиналната сметка за купување на алатот.
Со продолжената гаранција не се покриени визуелни недостатоци на алатот кои немаат влијание на неговата функционалност и правилна работа.

В. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА

Основната и продолжената гаранција не важат во следниве случаи:

  • Доколку купувачот со алатот не достави гарантен лист и оригинална сметка за купување на алатот.
  • Доколку алатот во основниот или продолжениот гарантен рок е отворан од страна на сервис кој не е овластен, или од страна на трето лице, гаранцијата автоматски престанува да важи, а вкупните трошоци на сервисирање и испорака на алатот ги сноси купувачот.
  • При дефекти кои настанале во гарантен рок како последица на абење на алатот, преоптоварување на алатот, неправилна употреба на алатот, преправки на алатот, употреба на прибор и резервни делови кои не се оригинални или дефекти кои настанале како последица на дејство на виша сила, вкупните трошоци за сервисирањето ги сноси купувачот.

Г. ОБВРСКИ НА ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Доколку се исполнети горенаведените услови, за времетраење на основната, односно продолжената гаранција, ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ги покрива трошоците за сервисирање на алатот, под условите на основната односно продолжената гаранција.
Доколку алатот е предаден на претставникот на продажба на ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ги сноси трошоците за испорака на алатот.
ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ се обврзува, по свое слободно наоѓање, или да го поправи алатот во законски определен рок од 30 дена или да го замени со нов.
Во согласност со потрошувачот производот може да се сервисира најмногу три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи производот потрошувачот има право да бара од ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати платениот износ на потрошувачот за купениот производ.
Со извршување на услугата која е произлезена како последица на оваа гаранција не се продолжува гарантниот рок наведен во гарантниот лист.
За деловите и квалитетот на извршената услуга на алатите кои во овластениот сервис се сервисирани вон гарантниот рок ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ дава гаранција од 3 (три) месеци.
ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ изјавува дека потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со гаранцијата.
Освен правата кои се дефинирани со овој гарантен лист, од нашата гаранција не произлегуваат никакви други права.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА

Друштвото за трговија на големо и мало
ВУРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје,
ул. „Првомајска“ бб,
1000 Скопје – Кисела Вода, Р. Македонија