СЕРВИС

Сервис

Würth master service – Вашиот брз сервис за поправка и достава на сите електрични, акумулаторски и пневматски машини од Würth. И на најдобрите машини понекогаш им треба одржување за да функционираат беспрекорно.Затоа, тука се мастер Würth Сервисот, еден од најнапредните сервиси за електрични и пневматски машини во Македонија. Тука имаме брзо превземање и поправка на машините, опремата и алатите од Würth.Наш сервис – ваша предност

Едноставно – доволен е телефонски повик:
02/ 272 80 80 (186 – wmaster)

Ви стоиме на располагање за превземање на машината од кај Вас.

Брзо – ние превземаме:
Како правило, веднаш следниот ден нашиот љубезен возач ќе го превземе пакетот од вашата врата. Машината ќе биде превземена од договореното место и ќе биде доставена до нашиот мастер сервис. Машината ќе ви биде поправена и доставена назад во што е можно пократок рок.

Сигурно – ние сме професионалци:
Тренирани професионалци од нашиот мастер сервис ви гарантираат сигурна поправка и тестирање на машината според зададени параметри. Бидејќи ние секогаш ги проверуваме производите под “лупа”, можеме да ви дадеме 6 месеци гаранција за функционалноста на сервисираниот дел од машината*.

*Ги исклучува потрошните делови како и надворешното влијание

Брзо – со голем лагер на резервни делови
Имаме околу 1500 резервни делови постојано на лагер. Затоа 98% од сите поправки можат да бидат завршени веднаш. Работи кои би требало да ги знаете за мастер квалитетот:

Врвен квалитет – најдобар на пазарот:
Сите машини подлежат на строга контрола на квалитетот. Затоа, а и со константно набљудување на производите од нашиот Würth мастер сервис можете да бидете сигурни дека добивате само реален професионален квалитет.

Совет за производот и упатство за употреба:
Секогаш ќе добиете компетентна информација вклучувајќи прашања за деловите, за вашиот Würth продавач, за Würth канцеларијата или за производот и начинот на употреба.

3-години гаранција на сите нови машини
За сите мастер машини добивате 3-години гаранција. Во овој период сите грешки при производство или дефект на материјалите ќе бидат поправени бесплатно.