Авто Дивизија

Авто дивизија

Со своите 9 комерцијалисти, преку 3000 веднаш испорачливи артикли и повеќе од 1500 постојани купувачи од авто-дејноста ширум Македонија, авто дивизијата е  третина од фирмата ВУРТ МАКЕДОНИЈА.
Во изминатите 15 години станавме добро познати по широкиот продажен асортиман кој ги опфаќа скоро сите видови на потрошен материјал за професионалците во авто струката (завртки, навртки, пластични осигурувачи, авто-сијалички, хемиски артикли, моторни масла, адитиви …) и  по големиот избор на рачен, пневматски и електричен алат и опрема за авто-сервиси.

Спремни сме и понатаму да ги унапредуваме своите услуги и квалитетот на артиклите кои ги нудиме и да го зголемуваме уделот на Würth – овата авто дивизија на македонскиот авто пазар.