ДИВИЗИИ

ВУРТ МАКЕДОНИЈА – ОРГАНИЗАЦИЈА

Компанијата Вурт Македонија ја прилагоди својата продажна организација на потребите на своите деловни партнери во Македонија.
Целосно посветени професионални и високо обучени комерцијалисти ги посетуваат и постојано негуваат и унапредуваат деловните врски со корисниците на артикли од програмата на Вурт. Во изминатите неколку години, Вурт ја прошири својата понуда на артикли речиси за двојно, а во исто време ја подобри испораката на бараните артикли на 24 – 48 часа од извршената нарачка за сите артикли со кои располага компанијата во дадениот момент. Исто така, покрај стандардните преку 3.000 артикли, комерцијалистите на Вурт Македонија ќе асистираат и за надминување посложени барања на корисниците, користејќи го искуството, знаењето и поддршката на Вурт Групацијата, која во својата програма вклучува преку 100.000 артикли со постојан квалитет и перформанси.
Комерцијалните тимови регионално се организирани да ги задоволат сите вакви очекувања низ Република Македонија.
Покрај крајните корисници на прозиводите од програмата на Вурт, компанијата посветува сопствени ресурси за унапредување на деловната соработка со компаниите кои се занимаваат со трговија на овој вид на продукти со што истите ќе станат подостапни за крајните корисници и на овој начин.
Вурт Македонија за унапредување на квалитетот на сопствената понуда, воведе и сектор за контакт со корисниците по телефон, со што уште повеќе ќе се интензивира квалитетот на деловната соработка со сите потенцијални корисници на артиклите од програмата на Вурт.
Артикли кои ја сочинуваат програмата во Македонија се:

  1. штрафовска роба (DIN/ISO страндард),
  2. техничка хемија (пур пена, силикони, адитиви, лепила…),
  3. Рачен алат – ЗЕБРА,
  4. Батериски, електричен и пневматски алат – МАСТЕР,
  5. моторни масла и мазива (Триатлон),
  6. опрема за заварување (ЗИКА),
  7. оков за дрвна индустрија (шарки, фјоки, лифтови… – од програмата ГРАС),
  8. заштитна лична опрема.
  9. програма за градежништво (парни брани, ПП влакна,…),
  10. WoW (Wurth Online World) – авто дијагностика,
  11. Работилничка опрема (дигалки, балансерки, демонтерки),